Светол пример од Бејрут: Муслимански хор пееше божикни песни во црква

Во ера на американски инвазии во муслиманските земји и терористички напади од радикални исламисти во срцата на европските престолнини како одговор, од Либан ни доаѓа прекрасен пример за меѓурелигиски соживот.

Не дека Либан остана имун на војните и окупациите, но во земјата луѓе од различни религии живеат со векови, и Либан немаше да биде Либан ако не беа муслиманите, христијаните, и сите други осумнаесет различни религии во земјата.

Па така, за овогодинешниот Божик, муслиманскиот хор одлучи да им го разубави празникот на своите христијански соседи и настапи во црква во Бејрут, каде што пееше божиќни песни. Пратете го аплаузот на крајот.

- Реклама -