Неколку илегални нешта што веројатно ги правите на интернет

СПОДЕЛЕТЕ

Среќата е во малите нешта. А малите нешта знаат и да се илегални. 

И така, добар дел од животот поминувате кршејќи го законот, а можеби за тоа сте и несвесни. Еве неколку примери кога сте во илегала:

Jailbreaking на телефонот – подесувања кои се надвор од фабричките сетинзи на телефонот и не се купени од овластени дистрибутери или преку онлајн stores.

Некои Ad blockeri – програми кои блокираат онлајн програми. Повеќето се легални, бидејќи реално не ја блокираат рекламата, туку едноставно само не ја прикажуваат во вашиот пребарувач.

Продажба на производи на e-Bay за кои немате декларација или докази за тоа како сте ги набавиле.

Конектирање на незаштитена приватна Wi-Fi мрежа. Комшискиот интернет секогаш е некако посладок, зашто е забранет. Со закон.

Лажирање на IP адресата.

Лажирање на вашето име на интернет и интернет порталите.

Хакирање – па макар и најмалото, е законски казниво. Повеќе на хартија отколку во пракса, но сепак.

Стриминг на филмови, серии, натпревари и настани за кои се немате претплатено.

Онлајн вербално злоставување на другите интернет корисници. „Тој што е безгрешен нека го фрли првиот камен“.

И се разбира, користење на торенти за симнување на филмови и серии.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ