Opel ја трасира иднината

opel

Opel поставува нова поефикасна производствена структура во Европа. Наследникот на исклучително успешниот SUV, Mokka X ќе се произведува во Ајзенах, а наследниците на Corsa и ADAM ќе се произведуваат во Сарагоса од 2019 година.

– Овие промени ќе го направат производството значително поефикасно, рече Филип Р. Кинле, потпретседател на производство во Opel. – Фокусирање на одделни модели во одредени производствени локации овозможува синергија и подобрена логистичка координација. Ние презедовме клучни чекори кон иднината, дополни за преземените активности, Д-р Волфганг Шефер-Клуг, претседател на генералниот синдикат.

– Оваа одлука осигурува работните места и во двете фабрики и во исто време создава перспективи. Врз основа на проектите реализирани со IG Metall успеавме да постигнеме долгорочно искористување на производствените капацитети во Ајзенах и Сарагоса со одлични производи.

Mokka X, Corsa и ADAM се три од најпопуларните модели на производителот на автомобили од Риселсхајм. До овој момент околу 670.000 клиенти се одлучија за Opel Mokka или Mokka X, од Corsa се плсаирани 630.000, а од ADAM – 225.000 единици.

- Реклама -