ВИДЕО: Човек полета со дрон

СПОДЕЛЕТЕ

Порано само јутјубер, а сега и дописник за CNN, Кејси Нејстат, со помош на инженерите од Самсунг, направи масивен дрон способен да крене возрасен човек.

„Никој во светот не продава дрон што може да подигне човек, па ние направивме таков“, гласи воведот во видеото.

Иако во видеото Нејстат претежно го користи дронот за да го влече додека тој скија на сноуборд, од неколку моменти е очигледно дека кога би сакал, слободно би можел и да лета.

„Дрон е, навистина е дрон“ може да се чуе Нејстат како вика кон камерата, со тоа отфрлајќи ги неизбежните критики што ќе го оквалификуваат неговиот подвиг како измама.

Освен во лудоријата на Нејстат, ќе уживате и во прекрасната зимска атмосфера на Финска (каде што е снимено видеото), а и во римите на Ол Дрти Бастрд од Wu Tang.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ