ВИДЕО: Јапонците измислија виртуелна девојка, а може и сопруга

4221396001_5252049664001_5252043364001-vs[1]

Сака крофни, сака аниме, и наводно фантастично подготвува пржени јајца. Се вика Хикари Азума, има 20 години и висока е 158 сантиметри. Не сака инсекти и сонува да стане хероина која им помага на луѓето. И е холограм.

Ова е описот на Gatebox – јапонскиот холограмски гаџет наменет за да ги усреќи осамените јапонски самци. Се работи за виртуелна девојка во стаклено ѕвоно кое потсетува на кафемат. Хикари, која и самата е лик од аниме, не мора да е Хикари – може да биде било кој друг лик што ќе го изберете. Ќе ве буди и ќе ви попува за да не задоцните на работа, ќе ви попува и со „Зема ли чадор, надвор врне“, ќе ви праќа пораки со „Кога ќе се вратиш, едвај чекам“ додека сте на работа, а притоа ќе контролира и мноштво (смарт) уреди во домот. Баш е како „идеалната“ партнерка што ја замислувате, само што нема физичко тело и ја имате само по дома. А „многу е важно да имаш некој што те чека дома“, заклучува промо-видеото.

Хикари ќе биде достапна од декември следната година, но уште сега можете да ја порачате на сајтот на компанијата. Чини троа поскапо од жена од Пустец – 2.526 долари, без вклучен данок.

- Реклама -