Кама Сутра е мало дете за овој советски еротски буквар од 1931 год. (+18)

Кој вели дека животот во Советскиот Сојуз бил досаден? Додека ние сме се воодушевувале на Кама Сутра, тие си имале свој сопствен еротски учебник.

Во продолжение ќе погледнете репродуцирани скенови од фасцинантниот еротски буквар издаден во Советскиот Сојуз во 1931-та година. Неговото постоење се должи, наводно, на тогашната потреба од зголемување на стапката на писменост на возрасното население. Дело е на уметникот Сергеј Димитриевич Меркуров, подоцна и прочуен народен скулптор заслужен за голем број од спомениците во чест на Јосиф Сталин.

Наместо досадните детски буквари со животни и растенија, овој е полн со бројни примероци и варијации на  руската машкост, овековечена додека доставува материјал за бебиња во стомаците, а понекогаш и во устите на руските жени. Оргии, орално задоволување, летечки пениси… Додека да наброиме, веќе ќе ја научите целата руска азбука. До толку е букваров незаборавен.

- Реклама -