Life hacks од времето пред да постои Интернет

СПОДЕЛЕТЕ

Денес е лесно да си го олесниш животот – само треба да го прашаш Гугл. Порано луѓето морале сами да си смислуваат Life hacks. И смислиле.

Можеби во денешно време имаме и подобри алтернативи, ама ем е интересно да се види како креативно и здраворазумски се снаоѓале, ем универзумот и неговите закони уште се истите, па тоа што функционирало некогаш, обично функционира и денес.

Како да освежиш набрано цвеќе

1

Ако сакате да го освежите цвеќето кое при носењето малку подовенало, ставете го во топла вода. Оставете го така да стои додека водата да се олади, и цвеќето веќе ќе изгледа „подмладено“. Потоа можете да го ставите во ладна вода, како и обично.

Како да ги одржиш јајцата свежи за подолго време

15

Ставете ги во сол, а садот ставете го на суво место.

Како да не ти се искршат празните вазни

14

Кога се празни лесно е да се изместат од тежиштето, да се превртат и паднат. Затоа, наполнете ги делумно со песок, на пример. Тежината ќе ги држи постабилни.

Како да исечеш тазе леб

13

Лошата страна на тазе печениот леб од фурна е што не можете да исечете кришки без да се распаѓа. Рековме не можете? Ставете го ножот на 10-15 секунди во врела вода, па бавно исечете го лебот.

Како да запалиш чкорче кога има ветер

11

Не многу често остануваме во ситуација да користиме ќибрит, ама кога е така, обично Марфи се погрижува да дува ветер. За полесно да го запалите чкорчето, „излупете“ мали ресички од дрвото, како на сликата. Ќе пламнат веднаш штом го запалите чкорчето, а ветерот потешко ќе го изгаси така „здружениот“ пламен.

Како да одвоиш две заглавени чаши

10

Најдобрата опција е да ја наполните горната чаша со студена вода, а долната да ја потопите во топла.

Како да носиш бокал за да не ти се истури

9

Бокалот е предвиден да се носи како на десната слика. Инаку, како што и самите знаете, ризикувате целата тежина да се пренесе на другата страна и да ви се истури.

Како да третираш исчашен зглоб

8

Обложете го зглобот со студени мокри облоги, со тоа што едниот крај на завојот/облогата ќе го ставите во сад со студена вода.

Како да извадиш трн, иверка или парче стакло

7

Наполнете топла вода во мало шише и поставете го со отворот врз повреденото место. Како што се лади водата, така ќе се впива во кожата, што ќе ви овозможи многу полесно да го извадите трнот.

Како да провериш дали е путер или маргарин

6

Намачкајте малку од „путерот“ на парче хартија и запалете ја. Ако е путер, ќе мириса пријатно. Ако е маргарин, ќе има непријатен и тежок мирис на лој.

Како да свариш пукнато/скршено јајце

5

 

Ставете малку оцет во водата во која ќе го варите. Белката може да излезе низ пукнатините, но веднаш „засирува“.

Како да провериш дали имаш влага во креветот

4

Ставете мало огледало меѓу чаршафите. Ако по неколку минути е замаглено, макар и минимално, тоа не е добар кревет за спиење.

Како да извадиш флека од мастило

3

Ако случајно сте го потуриле омиленото марамче со мастило, потопете го на кратко во млеко. По некое време, флеката ќе исчезне.

Како да измиеш шише

2

Наполнете го шишето со вода и со малку крупен песок. Енергично протресете го.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ