Throttle/Brake #39: Rolls Royce Cullinan, Mercedes X класа и Кралот на Нурбургринг

СПОДЕЛЕТЕ

naslovna

Изборите завршија. По една недела политичко труење, време е за автомобили. 

Rolls Royce, добредојде во SUV светот. Тука нештата се поинакви. Тука треба да се биде елегантен, брз, агилен и понекогаш извалкан. Извалкан? Ах, не, неприфатливо. За Ролс типови, тоа е исто како на некој господин со префинети Dunhill чевли да му речете да скока во кал. Нема шанси. Но, ако му речете дека Dunhill за него направиле специјални чевли за скокање во кал, тој ќе се замисли и ќе си рече: Абе, чевливе се Dunhill, ќе пробам. Така ќе биде и со Cullinan, првиот SUV на Rolls Royce. Екстремно богатите ќе сакаат да го имаат и бидат како Лоренс од Арабија во истоимениот филм и неговите пустински авантури токму во Rolls Royce. Знам дека ќе биде распродаден во рекордно време и број, без разлика на почетната цена од 420 илјади евра. 

1
Лоренс во неговиот блиндиран Rolls Royce.

Во моментов во автомобилската индустрија, најмногу се работи на три сегменти: легални тркачки автомобили, електрични автомобили и SUV. Да образложам: Mercedes прават хипер автомобил а веќе го имаат AMG GT R кој е легална верзија на AMG GT3; Aston Martin го прават AM RB 001, хипер автомобил со неверојатен даунфорс, 900 коњски сили и 900 килограми; Ferrari го имаат хибридот LaFerrari, но полека ни пласираат информации дека ќе одат со фул електрика; McLaren го прави хибридниот наследник на F1; Koenigsegg почнува да прави пресметки во мегавати; Lamborghini каде и да е ќе го претстави нивниот прв SUV (Urus); неодамна добивме SUV и од Bentley; ќе добиеме хибридна Panamera, односно Porsche Panamera со мотор од 918 Spyder, нормално, малку поцивилизиран; Rimac и кинескиот NextEV се борат кој е најбрзиот електричен автомобил; Tesla со неверојатен апдејт за модел X и кралот на луксузот и удобноста, Rolls Royce со SUV. 

2

Засега, официјални спецификации за Cullinan нема, но традиционално, знам дека срцето што ќе го придвижува овој луксуз ќе биде V12, и тоа најверојатно оној 6.6 литарскиот твин турбо од Ghost. Исто така, неофицијално, Cullinan ќе биде опремен со електро мотор и батерија која ќе се полни, што значи ќе биде хибрид. Платформата на која овој SUV ќе биде поставен е најновата алуминиумска spaceframe архитектура, со која компанијата ќе се дистанцира од платформите на BMW. Ако Range Rover Sport SVR е најубавиот, а Bentley Bentayga најбрзиот, повеќе од јасно е дека Rolls Royce Cullinan ќе биде кралот на SUV.

3

Mercedes-Benz X

4

Доколку сте како мене, љубител на Ford F-150 Raptor и Mercedes-Benz, имам добри вести за Вас, кои доаѓаат токму од германскиот производител. Mercedes-Benz има возило кое ќе биде директна европска конкуренција на монструозните Raptor и Dodge Ram. На пазарот ќе се појави во многу блиска иднина, односно кон крајот на 2017 година. Дами и Господа, Mercedes-Benz X класа. Првиот пикап на Mercedes-Benz ќе биде базиран на добро познатиот Nissan Navara и Renault Alaskan. На пазарот ќе се нуди во две варијанти. Powerful Adventurer или во превод вистински кул пикап за товарење и оф роуд и Stylish Explorer, премиум, елегантна и секси опција за авантуристи со стил. 

5
Mercedes-Benz X Powerful Adventurer.
6
Внатрешноста на Powerful Adventurer.
7
Mercedes-Benz X Stylish Explorer.
8
Внатрешноста на Stylish Explorer.

Сакам да напоменам дека возилата на фотографиите се концепти, но од Mercedes-Benz тврдат дека финалните верзии ќе бидат идентични. Овие пикап автомобили се еден вид експеримент на Mercedes и рака на срце изгледаат феноменално. Внатрешноста изгледа супер, баш како во секој модел на Mercedes. Мене лично, многу ми се допаѓа кул внатрешноста на Powerful Adventurer. Но, има нешто што воопшто не ми се допаѓа, барем засега. Тоа се моторите. Вака… Една работа е да позајмите платформа и на неа да направите нов автомобил. Тоа е сосема легитимно. Но за Mercedes-Benz, кои на располагање имаат толку многу агрегати, да вградуваат Nissan-Renault мотори е малку чудно. Станува збор за дизел агрегатот на Nissan-Renault со зафатнина од 2.3 литри и четири цилиндри, со кој ќе бидат опремени основните X модели. Премиум моделите ќе го позајмат Мерцедесовиот OM642, 3.0 литарски V6 дизел, со 261 коњски сили и 620 Nm, кој ги придвижува автомобилите во класите C и E. Сите модели ќе имаат 4MATIC односно перманентен погон на сите четири тркала, кој ќе може двојно да се заклучува, односно во даден момент, целата сила ќе се испорачува само на задните тркала. Основните модели ќе бидат понудени со мануелна и автоматска трансмисија, додека V6 премиум моделите ќе имаат автоматски менувач кој ќе биде подесен да испорачува влечна сила уште при најниски вртежи. Доколку имате возено пикап, сигурно ви е познато она потскокнување на автомобилот, кое ви дава чувство на чаша полна со вода која се прелева на сите страни. Од Mercedes тврдат дека овој пикап ќе биде значително агилен во свиоците, што мислам дека е новина во тој сегмент на автомобили. Во полето н безбедноста, X класата ќе биде опремена со сите најнови и најсовремени безбедносни технологии. Информации за тоа колку би чинел еден ваков автомобил сеуште нема, но јас велам, на цената на Nissan Navara додадете 10-12 илјади евра. Ова се однесува за Европа. Бидејќи оваа рубрика повеќе тежнее кон спортските и премиум автомобили, ќе се обидам да ја заскокоткам вашата имагинација со една хипотетичка мисла која можеби и не е така далеку од вистината… Mercedes-Benz X63 S AMG со мотор позајмен од GLE 63 S AMG кој развива неверојатни 577 коњски сили!

9

Кралот на Нурбургринг – 07:10.92

10

Ако се сеќавате, во една од моите претходни епизоди пишував за “Ѕверот од Зелениот Пекол” и за неговите способности на тркачката патека. Да бидам јасен, пишував дека Mercedes AMG GT R ќе ги изненади сите со време на патеката на која е роден. 07:10.92 е времето за кое “Зелениот Ѕвер” ја обиколи Нурбургринг Нордшлаифе и стана најбрзиот автомобил со заден погон во светот и најбрзиот автомобил што Sport Auto магазинот го има тестирано на оваа патека. Да ве потсетам дека имаат тестирано и Porsche 918 Spyder. Уште еднаш, Браво за Mercedes-Benz. 

Beast of the Green Hell во акција:

Прочитајте и:  Throttle/Brake #37: Седан со перформанси на супер автомобил -­ Mercedes-Benz AMG E63 S со дрифт мод

Пишува: Брацо Моралиќ
Пишува: Брацо Моралиќ