Продале музички албум без музика, заработиле 20.000 долари

СПОДЕЛЕТЕ

 

sluske[1]

До скоро, на Spotify имавте прилика да купите албум од американскиот фанк бенд Vulfpeck и сто пати да се покаете што сте ги дале парите.

Албумот е насловен Sleepify и содржи 10 траки од по 30-тина секунди. Секоја од нив без никаков звук – само тишина. Вкупно околу 5.5 минути музичко ништо.

Како и да е, а претпоставуваме заради квази-арт публиката и позитивните рецензии и оценки, албумот се продаваше. Се продаваше додека не го наполни бендот со 20.000 долари заработка.

Така беше сé додека албумот ѝ беше наводно „интересен“ на компанијата за музички стриминг, па го опишуваа како „паметна измама“, бидејќи фактички не прекршуваше ниту едно нивно правило. Потоа го снема, без никакво образложение. Алелуја.

Тишината како стара фора 

Не, јас нема да се дрзнам да одречам дека тишината има своја уметничка вредност, особено во добар контекст. Ама ова е веќе стара фора. Кој ќе знае кому прв му текнала (тогаш дефинитивно било кул), ама дека пред некоја година имаше еден пијанист што на среде концерт три минути зјапаше во клавирот и ништо не отсвири, и сите беа воодушевени. Не дека тој беше генијалецот што ја смисли, ама видеото стана вирално (за чудо сега не можеме да го најдеме) и оттогаш се појавија многу повеќе ликови што ја копираат идејата. Еве сега тоа е случај и со Vulfpek, а неодамна имавме и ние таков пример – Миленко Неделковски шоу, ви текнува? Ако Vulfpek продадоа 5 минути тишина за 20.000 долари, замислете колку ќе спечалеше Миленко со цела емисија од 20 и кусур минути ќутење.

­

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ