Си платил за Ница, а слетуваш во Ниш. Што после?

СПОДЕЛЕТЕ

sta-sve-mozes-kada-greskom-sletis-u-nis-umesto-u-nicu-body-image-1481722204[1]

Пишува: Урош Димитријевиќ за српски Vice

Замислете на момент дека сте Чех, дека живеете во земја со одлично пиво, кнедли и кобасици. Без оглед на солидната економска ситуација и фактот дека пушењето е дозволено во затворените простории, одлучувате Божиќ да го поминете во странство. Сморени сте од солитерите од периодот на Источниот блок и константната температура од 5 степени Целзиусови, па се одлучувате за некои потопли, потопени во сонце, краеви. Ама роковите ве притискаат, шефот ви се заканува дека ќе ве гаѓа со хевталица и немате време да се заебавате со Airbnb и планирање на патот, па се одлучувате сé да им препуштите на туристичките агенти – луѓе кои инаку не би постоеле кога само останатите би имале повеќе време и трпение.

Стоите пред пултот од плексиглас, гледате во неговото насмеано лице со четири тона гел на главата додека ви нуди аранжман во Ница за смешни пари. Океј, во рачниот багаж ќе ви собере само една чорапа и ќе морате да ги скршите нозете за да се сместите на седиштето на Рајанер во економската класа, ама 150 евра за недела дена во Ница е џабе, па по една милисекунда размислување веќе го внесувате ПИН-от за картичката.

Седум дена подоцна, по едноиполчасовен лет со луѓе што зборуваат јазик сличен на вашиот, конечно слетувате во Ница. Очекувате дека по пасошката контрола ќе ви доделат ваучер за бесплатен коктел во бистро-то на плажата, ама ништо не се случува. Излегувате надвор и наместо сонце по фаца ве распичува ветер кој ви ги замрзнува влакната во носот, и околу вас како папараци се собираат куп ликови со качкети кои ви нудат такси. Да не е ова оној алтернативниот воен аеродром, може Nice Côte d’Azur се реновира? Влегувате во такси и по пет минути таксистот ви вели дека сте во центарот, а вожњата ве кошта неверојатни три евра. Излегувате, дезориентирано се вртите околу себе и сваќате – у пич*у матер, па јас не сум во Ница, туку во Ниш!

sta-sve-mozes-kada-greskom-sletis-u-nis-umesto-u-nicu-body-image-1481722426[1]

Откако маратонски го пцуете туристичкиот агент, морате да се соочите со реалноста. Јебига, во Ниш сте, а следниот лет за Братислава е дури за три дена. Ама тоа не мора да биде лошо. Да, немаме баш море и така свежи кроасани од путер, ама еве листа на активности кои овој фејл можат да го направат барем поднослив.

Во Ница:  Promenade des Anglais. Нишка алтернатива: Кејот

Можеби не делува толку импресивно, ама на локалците навистина многу им значи. Не, тоа што сте се нашле во Ниш среде декември не е мана, туку во некоја рака и предност. Прво – шансите да чуете акустична верзија на некоја песна од Рибља Чорба на температура пониска од 15 степени драстично се намалува. Второ – флората и фауната на нишкиот кеј често летно време не може да дојде до израз од количината на пластични кеси и дволитарки пиво, па зимата е одличен период да го видите кејот вон амбалажа која не е биоразградлива. Тоа е одлична прошетка, а прошетките се здрави, зар не?

Во Ница: Montee du Chateau. Нишка алтернатива: Тврѓава

Не е баш на некое возвишение, што е и предност, бидејќи при овие температури, екстремниот физички напор не е пожелен ако во близина немате спасувачка служба. Споменикот од исклучително историско и културно значење, чија посета може да биде од едукативен тип (галелрии, бројни историски факти, метеоролошка станица), но исто така може да побуди и претприемачки идеи кога ќе видите што сé „може да пројде“ на некоја површина која би требало да биде под заштита на државата. Ако добро се распрашате, ќе бидите дека преку лето се одржуваат и некои кул манифестации кои можат да ве натераат повторно да дојдете во Ниш. Овој пат намерно, а не случајно.

Во Ница:  Vieille Ville. Нишка алтернатива: Казанџиски сокак 

sta-sve-mozes-kada-greskom-sletis-u-nis-umesto-u-nicu-body-image-1481722450[1]

Како што ни белградската Скадарлија не е пандан на Монмартр (иако многумина сакаат да се лупаат во гради, да испукаат три куршуми од беретата и гордо тоа да го изјават), така ни Казанџискиот сокак не е нешто епохално, но сепак е кул за туристи. Зимата е повторно предност во овој случај, бидејќи сега всушност можете да поминете низ оваа улица, а да не морате да се провлекувате меѓу туѓи нозе како летно време кога ќе ги распостелат летните бавчи. Има куп кафичи во кои можете да блеете, па и вечно, а пушењето е дозволено – што на Чесите им го пружа тој домаќински шмек, освен ако со посетата на Ница сакале да избегаат од димот. Во тој случај – јебига. Има и пар добри кафани, но многумина сметаат дека за права гозба е подобро да се распрашате меѓу локалците и да излезете малку надвор од центарот.

Во Ница: Pissaladière, croissant. Нишка алтернатива: Бурек… и сé останато

Реално гледано, ако во Ниш пробате кроасан – ќе умрете. Не постои сценарио кое не вклучува фатален исход. Ама ако пробате бурек, на право место и во право време, ќе побарате азил во Србија. Скарата и сé останато што оди во пакет е „до јаја“, па дури и ако ви подвалат кучешко месо на киоскот кај зафрлената автобуска станица, пак ќе биде повкусно отколку во било кое место северно од Крагуевац. А и сé е е*ено евтино. Така да, олабавете ги ремените, извадете едно 50 евра од картица и рокајте.

Во Ница: Карневал. Нишка алтернатива: православна Нова година 

sta-sve-mozes-kada-greskom-sletis-u-nis-umesto-u-nicu-body-image-1481722478[1]

Карневалот во Ница секоја година собира скоро милион луѓе во овој град на Азурната обала, но православната Нова година во Ниш секоја година собира Бугари. Иако се работи за значително помал број на луѓе, квалитетот на шоу програмата која тие се во состојба да ја приредат – е немерлив. Плус можете претходно преку интернет да најдете некој тип кој по поевтина цена ќе ви донесе храна и гардероба, па дома ќе се вратите со интернационални сувенири. Дефинитивно вреди да се стрпите и да го дочекате 13-ти јануари.

А сега е време сепак да ви ја откриеме трагичната вистина. Овој лет не бил грешка, туку подол план на Туристичката организација на Србија за привлекување туристи. Тоа што исто се изговара на англиски нема врска, секој лет за Ница ќе заврши во Ниш. И на сите ќе им биде супер. И пак ќе се вратат.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ