Па ова е боље и од свадба! Славење на Исус во Македонија

СПОДЕЛЕТЕ

isus

Го гледам видеово и одма ми текнаа неколку ствари.

Првата е дека ја неам пари за ваков воршипинг. Втората е дека им се чудам на луѓево колку се насмеани, и по малку и им завидувам. Последен пат мене тоа ми успеа со помош на… ај да речам, трети супстанци.

Третата ствар е дека одма ми текнува на оној филмот со Стив Мартин кога глуми свештеник и оди да пее по католички цркви во мали американски гратчиња за да им ги собере парите на наивните верници. За Leap of Faith (1992) ви зборам, сигурно сто пати го имате гледано на ТВ.

Притоа, не сакам да кажам дека нашиот Константин Кајшаров го прави истото и со Македонциве. Само сакам да кажам дека кога би го правел, а прилагодено на нашиот народњачко-свадбарски менталитет, вака би изгледало.

ПС. Признавам, Офф.нет ме инспирираше.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ