Видео: Она кога Меси ти е најголем идол и не сакаш да го пуштиш

СПОДЕЛЕТЕ

629500734[1]

Во јануари годинава, 6-годишиното Авганистанче Муртаза Ахмади се прослави на интернет како најголемиот фан на Меси. Муртаза стана вирален откако се појавија фотографии од неговиот импровизиран дрес од Меси – обична ќеса со сино-бели линии и „Messi“ и „10“ напишано со маркер на грбот.

messi1 messi2

Во меѓувреме, Муртаза доби оригинален дрес од Барселона од Меси, потпишан лично од фудбалерот, а авганистанската фудбалска федерација вети дека ќе направи напори да го донесе Меси во Доха на средба со Муртаза, или барем Муртаза да го прати во Барселона.

На крајот работите во свои раце ги зема UNHCR, а на гостувањето на Барселона во Катар против Ал Ахли, Муртаза доби шанса да излезе на теренот рака за рака со својот најголем идол. Тие неколку минути љубов и позитива не се опишуваат со зборови. Видеото не за џабе стана вирално  – малиов беше залепен за Меси како со суперлепак.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ