Денешниот софтвер за фацијално препознавање е морничаво прецизен

СПОДЕЛЕТЕ

18

Рускиот фотограф Егор Цветков направи мал експеримент со цел да ја демонстрира моќта на модерниот софтвер за фацијално препознавање. Користејќи свои фотографии од патници во руското метро, и апликација за препознавање на лица, со својот проект „Your Face is Big Data” тој ја уништува и најмалата илузија дека имаме и минимална приватност онлајн.

Проектот бил едноставен. Егор фотографирал 100 случајно избрани луѓе меѓу патниците. Потоа ги процесирал неговите фотографии низ апликацијата FindFace за да види дали ќе може да ги идентификува луѓето кои ги фотографирал наоѓајќи ги на руската друштвена мрежа VKontakte. Краткиот резултат е: Апликацијата била многу успешна.

Да се разбереме, не не фасцинира тоа што Егор заклучува дека нема приватност онлајн – апсурдно е да ја очекуваме кога нашите информации, и особено фотографии ги споделуваме на мрежата. Но, фасцинантно е што FindFace лесно идентификувала 70% од фотографираните во метрото, наоѓајќи совпаѓања со нивните профилни слики на мрежата, дури и кога двата соодветни примерока се фотографирани од различни агли, или субјектите имаат значително различни фацијални експресии. Видете и сами:

2 23 22 21 20 19 17 16 15 14 12 11 10 9 8 7 6 5 3

- Реклама -