Малку познати нешта што потонаа заедно со Титаник

Несреќата на Титаник е документирана неброено многу пати, што во филмови, што во книги и документарци. Голем дел од фактите и „пикантериите“ се веќе добро познати, но тоа не е случај со некои од необичните предмети што потонаа заедно со 1.500-те удавени патници на Титаник, а беа на бродот за да им го направат престојот поудобен.

Електрични кади

b71e651b0909f255f341[1]Така, пар богаташи кои скапо платиле за своите билети, на патувањето со себе понеле и цели електрични кади. Во раните 1900-ти електричните кади биле популарен здравствен тренд, па и не е толку чудно што една таква се нашла и на Титаник.  Жените ја користеле кадата наутро, а мажите попладне и навечер. За уживање во „бања“ со моќни УВ зраци, заинтересираните требало да платат влезница од 1 долар (тогаш вредел многу повеќе од денешен 1 долар).

Опиум

Секогаш и секаде, на толку голем број луѓе, ќе има некој што ќе прошверцува дрога, иако е забранета, како што бил тогаш опиумот со одлуката на американскиот Конгрес. Сепак, опиумот бил популарен и во медицината, па под тој изговор бил и внесен на бродот, во случај некој од хедонистичките расположени патници да сака да се опушт… да се лечи, де.

Уметност

Еден од најскапите предмети на Титаник не било некое си парче дијамантски накит, како што можеби би претпоставиле гледајќи го филмот, туку сликата со масло на платно на познатиот француски уметник Мери-Џозеф Блондел, насловена  „La Circassienne au Bain“. Сопственик бил шведскиот бизнисмен Бјонстром-Стефансон – еден од преживеаните на бродоломот на Титаник, кој подоцна ја тужел осигурителната компанија и барал отштета од 100.000 долари (во вредност од денешни 2.4 милијарди).

Машини за правење мармалад

27102016115712_main_4[1]

За да се направи мармалад, овошјето треба да биде внимателно излупено и исечено. Во раниот 20-ти век, имало посебни уреди за такво нешто. Сопственичка на таков уред била и Едвина Селија Трут, која била толку голема љубителка на мармалад, што ја понела машината со себе на Титаник. Во целиот метеж при качувањето на чамците за спасување, Едвина ја оставила својата машина за сецкање овошје да потоне. И таа подоцна барала отштета од осигурителната компанија.

Турска бања

Со оглед на тоа што Титаник бил еден од најлуксузните бродови некогаш направени, не е чудно што располагал со најдобрите турски бањи, наменети стриктно за велнес-разонода на првата класа. Денес во нив се бањаат евентуално некои риби.

Мачката Џени

a65caa02690fd8e7742c[1]

Обично сите бродови од тоа време на палуба имале барем по една мачка, за да одржува ред и поредок меѓу глувците. Титаник ја имал Џени, која била и официјалната маскота на бродот.

Електричен коњ

27102016115827_main_7[1]

Луксузен брод без теретана не иде, но во тоа време теретаните изгледале многу поинаку од денешните. На пример, популарна справа бил „електричниот коњ“, која симулирала јавање.

Ракописот на Џозеф Конрад

Титаник пренесувал седум милиони пратки од Велика Британија за САД. Меѓу нив бил и ракописот „Карејн: Сеќавање“ од познатиот викторијански автор Џозеф Конрад. Ракописот бил наменет за њујоршкиот адвокат Џон Квин, кој бил колекционер на оригинални литературни ракописи.

- Реклама -