Робовите на Ким Џонг Ун: Јадат измет од крави и си ги дават децата во кофи

СПОДЕЛЕТЕ

841eb279ff6988a340ab[1]

Според новите објавени сателитски снимки од работничките логори во Северна Кореја, нивниот број се зголемува.

Според Обединетите нации, во севернокорејските гулази (познати како „kwanliso“) се држени околу 120.000 жени, мажи и деца, кои се присилени на работа, изложени на мачење, изгладнувани, силувани и убивани. Од Пјонгјанг демантираат дека постојат такви логори, но бројните здруженија за заштита на човековите права константно приложуваат контра-аргументи и собираат сведоштва на преживеаните и избеганите. Меѓу нивните докази се и редовните сателитски снимки што сугерираат дека да, во Северна Кореја постојат работнички кампови налик на некогашните нацистички концентрациони логори.

afbb96c296fc7fd5de19[1]

Во вторникот, здружението „Човекови права во Северна Кореја“ со седиште во Вашингтон, објави снимки од Камп 25, кој се наоѓа близу Чонгјин, на северот на Северна Кореја. Според наводите на здружението, од 2010-та па наваму, кампот е значително проширен, и е двократно поголем отколку што бил пред 6 години.

Нивниот извештај доаѓа по  засебениот извештај на Amnesty International, кој исто така потврди дека Северна Кореја не само што и денес има работнички логори, туку и дека дополнително инвестира во тоа поле.

„Овие кампови се еден од столбовите на политичката и социјална репресија во Северна Кореја, во кои на невиден начин ги кршат човековите права“, објави Amnesty International, притоа додавајќи дека сателитските снимки од двата работни кампови направени во мај и август, покажуваати зголемување на бројот на чуварите, зголемена земјоделска дејност, но и надградба на постојниот крематориум.

Пред две години, ОН проценија дека во севернокорејските логори во последните 50 години загинале стотици илјадници политички затвореници. Најголемиот дел од нив починале од принудна работа во катастрофални услови, намерно изгладнување, егзекуции, тортури, силување, и ускратување на разни други права.

67bbd9b5385178cace5e[1]

Според многубројните сведоштва на тие кои некако преживеале и побегнале,  мнозинството меѓу нив не ни знае зошто се затворени. Меѓу таквите е и Шин Донг-Хјук, кому еден од управниците на логорот му го исекол прстот зашто му паднала машината за шиење по скали и не можела да биде поправена.

„И да умреш, тоа нема да ја поправи машината за шиење“, му рекол наводно управникот, додавајќи дека проблемот е во неговите раце, по што му го отсекол прстот. На Шин дури и му олеснало, бидејќи се плашел дека ќе му ја отсечат целата рака.

Еден прст не е така многу кога ќе се земе во предвид дека Шин е буквално роден во работнички логор, поточно во Камп 14, бидејќи наводно неговите вујковци пробале да побегнат од земјата во 60-тите. И неговите родители биле затвореници, а бракот им е договорен во логорот. Да бил Шин роден вонбрачно и без дозвола на родителите за секс, немало да смее да преживее, а истата судбина би ја делеле и неговите родители – смртна казна за „сексуален однос без претходно одобрение“.

Прочитајте и:  Дебелиот Ким Џонг Ун и 130-те доктори

* * *

Една од избеганите е и Џи Хјон. За Комисијата на ОН таа раскажа уште пострашна приказна – за мајка која морала да си го удави детето во сад со вода.

„Мајката го молеше чуварот да ја поштеди, но тој продолжи да ја тепа“, раскажува Џи, додавајќи дека мајката немала друг избор освен со растреперени раце и во очај да го удави своето дете (другата алтернатива била да го остави само во работнички логор). „Плачот престана, а престанаа и меурчињата“.

f858a5f7f17ce9162560[1]Поранешниот затвореник Канг Чол-Кван, пак, во својата книга опишува типична егзекуција во Камп 15, каде на осуденикот му ја полнат устата со камења за да не вика против режимот и да не го слушнат другите затвореници, а потоа „му ставија три превеза, еден преку очите, друг преку градите, трет околу струкот“.

„Нишанете кон предавникот на татковината“, процедурално извикува водникот на стрелачкиот одред, по што се слушаат три истрели. Првиот куршум го погодува затвореникот во главата и инстантно го убива. Вториот го погодува во градите за да падне, а третиот во половината, за да „го насочи“ да падне во јамата. Понекогаш другите затвореници морале да фрлаат камења кон мртвиот, за да падне кожата од мртвото тело (веројатно за да не може да биде идентификуван).

north-korea1[1]

Изгладнетите затвореници, од кои многу се деца, јадат тоа што ќе најдат – глувци, жаби, змии и инсекти. Меѓу најчестите извори на храна им е изметот од кравите, но за „најценети“ се сметаат глувците, бидејќи ја спречуваат потенцијално смртоносната болест која се јавува како последица на недостаток на протеини и ниацин. „Омилени“ на Канг му се саламандерите, иако морале да ги јадат живи.  Кога затворениците ќе ги прателе на работа во поле, ниту едно животно не останувало живо. Децата особено јаделе сé што се движи, па и глисти.

Што се однесува до казните, особено строги биле тие за крадење. За такво нешто, едно шестгодишно девојче било тепано со стап по главата од својот учител, пред целото одделение. Другите ученици морале да ја гледаат додека лицето ѝ се полнело со посекотини и модрици, дури и кога потекла крв. По тепањето, девојчето морало да биде одведено од чуварите, а веќе истата вечер умрело. Според сведоштвата на преживеаните, таквиот третман во работничките логори на смртта е сосема вообичаен, а тортурата е секојдневие. Во случајов, тоа што не те убива прави да посакаш да умреш.

Извор: express.hr