Се кандидиравме за Сајт на годината

sajtCOVER

Одиш до киоск да си купиш крем-банана и погледот ти запира на лотариската грепка на излогот. Вадиш уште некоја пара и ја купуваш. Не се надеваш дека ќе добиеш, ама хеј, никогаш не се знае, нели?

Е така и ние.

Оваа постава на 365.com.mk досега се нема кандидирано за било каква трка со другите веб портали на македонсково интернет небо, но ете, си рековме да се пробаме. Не толку да си ја пробаме среќата, колку за да видиме до кај сме стигнале во содржинските реформи (кои се очигледни за тие што се подолго време со нас) и дали публиката е на наши фреквенции.

Затоа, не ве напињаме. Нема да се сликаме со деколте за лајкови, нема да делиме брашно, вокмени или Сано сокчиња, нема да ви истуриме вреќа пропаганден материјал на подот под сандачињата во влез, нема да го праќаме Амди Бајрам да ве убедува, нема да земаме отпечатоци, нема да ставаме камери во пенкалата на изборните пунктови, дури нема ни да пратиме свои надгледувачи на изборниот процес.

Просто е, ако сметате дека заслужуваме, гласајте нé. Ако не, продолжете да нé читате, и здравје, еден ден можеби ќе се предомислите. А и да сте ни најголем фан, а ве мрзи да гласате – тотално ве разбираме (и очекуваме да ни ја надоместите душевната болка со пиво).

За крај, линк до гласањето, дека така е редот (кликнете на соодветната слика). Ќе не најдете во категоријата Забава.

upyours

topste

365.com_.mk_2
Следете нé на Фејсбук (кликнете на сликата).
- Реклама -