Колку пелени кошта едно бебе?

СПОДЕЛЕТЕ

o-CLOTH-DIAPER-facebook[1]

Бебе – или со други зборови: љубов, среќа и пелени. Многу пелени. Колку многу пелени? Научниците се обидоа да дадат одговор на тоа прашање, веројатно меѓу другото и за да можат тие во мои години да се прерачунаат и да си го испланираат буџетот.

Вака; експертите велат дека во текот на првиот месец од животот, бебулето ќе ви арчи околу 10 до 12 пелени дневно. Поконкретно, бебињата во просек какаат по 3-4 пати на ден, а мочаат околу 7 пати. Притоа, вака честото менување на пелените може и да не е сјајно за вас, ама е добро за здравјето на детето.

Сеедно, после месец дена, бројот на полни пелени ќе опадне, ама не доволно за да се радувате. Пак ве чекаат околу 6 мокри пелени на ден, а бебето и понатаму ќе кака 3 до 4 пати на ден.

Воопштено, се смета дека минимумот е 6 извалкани пелени на ден, а сé помалку од тоа е знак дека бебето не добива доволно нутритиви преку храната, и дека треба да се посети педијатар.

Подобри пеленски времиња ве чекаат кога бебето ќе почне да јаде цврста храна. Тогаш варира и столицата. Околу 22 проценти од бебињата се одвикнуваат од пелените некаде до вториот роденден, а во тоа најуспешни се пред третиот.

Дотогаш, вкупно ќе смените од 7300 до 8760 пелени: 10 – 12 пелени дневно x 365 дена во годината = 3650 до 4380 пелени во текот на првата година.

Ваквата пресметка е под претпоставка дека имате едно дете, нели, и тоа напредно, што „во рок“ ќе успее целосно да се одвикне од пелените, до вториот роденден.

Извор: Бебебум

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ