Запиши си: 1 декември 2016, настап на Перија во Urban Garage

СПОДЕЛЕТЕ

thumbs_b_c_e92c10862b6cefcb5775a6cfd18a37c4[1]

Позната ви е улично-уметничкава дружина? Нормално дека ви е. Ако ништо друго, барем еднаш ви го разубавиле поминувањето во Градски трговски центар. Секој што ги знае ги „оговара“ дека се талентирани гласови, дека свират одлична музика, но и дека се одлично друштво и убави души.

Леа на лаута, Кате на камене и бендир, Филис на тамбура и даф, Ани на тамбура и перкусии, или со еден збор – Перија. Свират со идејата дека поентата на звукот е да го каже тоа што не може зборот, да обединува без граници, и пред него сите да сме еднакви.

Заради сé погоре наведено, нашава работа тука е да ве информираме дека на 1 декември 2016, во четврток, со почеток во 21 часот, Перија ќе свират во Urban Garage (локација тука). Нормално, ние ќе бидеме таму, а треба да бидете и вие. Тетовирајте се ако треба, зашто ќе се каете ако заборавите.

Во соработка со Urban Garage

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ