Мртвите имаат куќи наместо гробови и во Србија

СПОДЕЛЕТЕ

Еднаш порано пишувавме за Беверли Хилс на мртвите во Манила, на Филипините, каде што на мртвите им градат дури и двоспратни и целосно опремени куќи на мртвите, со тоа што таму длабоко ги почитуваат починатите и веруваат дека душите на мртвите продолжуваат да живеат во друг свет, а гробовите се нивните Земни престојувалишта.

Е сега испадна дека и во Србија има нешто слично, со тоа што ваму малку повеќе е за престиж.

the-wider-image-serbia-s-bungalow-cemeteries-3[1]

Од далечина, ќе помислите дека овие мали куќи во периферијата на источното село Смолинац во Србија се некакви летни бунгалови. Но штом влезете во некоја од нив, ќе сфатите дека всушност се изградени за мртвите.

Колоритниве мавзолеи се целосно опремени со маси и столици. Слики од семејството висат на ѕидовите, а на тремовите обично има цвеќиња. Некои од нив се опремени дури и со електрична енергија.

Чудниот обичај на поставување на куќи наместо надгробни плочи почнува кон крајот на 1960-тите, кога еден Србин кој работел во странство се враќа во родното село и решава да си изгради (релативно) величествен мавзолеј за по смртта. По него и други од селото почнуваат да гледаат на тоа како на добра идеја, преку која го демонстрираат своето богатство. Сега во гробиштата има повеќе куќи отколку надгробни споменици.

Дефинитивно знаеме од што умрел овој Србин.
Дефинитивно знаеме од што умрел овој Србин.

Во селото (на едно 100 км од Белград) живеат околу 1800 луѓе, од кои најголемиот дел се постари лица. Поголемиот дел од младите се заминати да работат во странство во 1970-тите и 1980-тите, но обично им испраќаат пари на роднините дома, со што Смолинац успева колку толку да просперира.

Но ете, добар дел од тие пари одат во изградба на куќи, но за мртвите. Конкуренцијата меѓу селаните се зголемува, а секоја нова куќа е поголема и (релативно) поубава од претходната. По оградите има гипсени орли, вратите се позлатени, а дворчињата се украсени со џуџиња и мали фонтани. Некои од куќите се изградени со мисла да личат на мали замоци со кули.

Појавата не е уникатна само за Смолинац. Многу од селата во источна Србија ги погребуваат своите мртви и им градат куќи, декорирани со слики и други сувенири.

2(856)[1]

Просечната цена за изградба на една ваква структура е околу 4.000 евра, од кои најголемиот дел се плаќа со пари од странство.

Во моментов најд 1 милион Срби живеат и работат надвор од земјата. Во 2015-та, (дури) 9.2% од бруто националниот производ на Србија се должеше на паричната помош од српската дијаспора.

Праксата на изградба на надгробни куќи е намалена како последица на глобалната рецесија, но не и исчезната.

„Имаме потреба од покрив над главата кога ќе седнеме да испиеме едно кафе со нашите починати блиски“, вели еден жител на Смолинац.

1(910)[1]
Во Сапине.
Бунгалови за мртвите и во Трновце.
Бунгалови за мртвите и во Трновце.
На масата на еден мавзолеј во Трновце.
На масата на еден мавзолеј во Трновце.
the-wider-image-serbia-s-bungalow-cemeteries-8[1]
Пак во Сапине.

Извор: Channel News Аsia

- Реклама -