Дебелиот Ким Џонг Ун и 130-те доктори

СПОДЕЛЕТЕ

1461252243193[1]

Освен лоша фризура и репутација, Ким Џонг Ун има и лоши навики во исхраната. Под лоши, мислиме на тим од 130 доктори-научници кои 24/7 се борат со неговиот крвен притисок и дијабетесот.

Дебелкото (како што го нарекуваат во Кина, на пример) Ким Џонг Ун е познат по тоа што ужива во обилни оброци, добро вино и француски сирења, а откако доби власт, доби и неколку екстра килограми.

Ким Хјонг Су – научник кој во 2009 побегнал од Северна Кореја, раскажува дека во земјата постои Институт за долговечност, и дека единствената цел и грижа на овој институт е здравјето на лидерот на земјата.

Хјонг Су работел за Институтот уште додека на власт бил Ким Џонг Ил, кој исто така бил гојазен. Според неговите раскажувања, кога го напуштил Институтот за долговечност, на проектот работеле 130 медицински научници, кои меѓу другото определиле (и создале) и посебни типови храна подобни за сегашниот лидер. Вели дека во склоп  на Институтот постои и истражувачко-информативен центар во кој членуваат дипломати и научници и од странски универзитети.

Институтот пак, е под непрекината стража, опкружен со четири метри висок ѕид со струја под напон. Во институтот се развиваат и нови прехранбени производи, за што покрај дијабетесот се заслужни и кардио-васкуларните проблеми што ги имаше Ким Џонг Ил.

Наш личен омилен хајлајт од раскажувањето на Ким Хјонг Су: Вели дека со оглед на тоа што најголемиот дел од луѓето во Северна Кореја се неухранети, научниците на Ким Џонг Ун морале своите субјекти за проучување да ги бараат меѓу севернокорејските дебели шефови и политички лидери. Дури проучувале и странски дипломати и странски дописници кои престојувале во Северна Кореја, кои наводно не знаеле дека се предмет на истражување.

Кога се вработувал во Институтот, Ким Хјонг Су морал да потпише дека никогаш нема да ги открие овие тајни. Ама сега живее во Јужна Кореја, па му се може.

- Реклама -