Најдобрите фотографии и снимки од супермесечината, без фејкови

СПОДЕЛЕТЕ

Во понеделникот утрото или вечерта, во зависност од кој дел на планетава, светот имаше можност да ја види најголемата полна месечина годинава – наречена супермесечина, која овој пат светеше најголема и најсилна во последниве ~70 години, од јануари 1948 година.

Супермесечината на 14 ноември беше околу 14% поголема и 30% посветла од нејзината најмала видлива големина, наречена микромесечина.

Ова се случува затоа што месечавата орбита околу Земјата – која трае 27 дена, 7 часа и 43 минути – не е перфектен круг, туку елипса. Притоа се добива најблиска точка до Земјата – перигеј, и најдалечна точка – апогеј. Месецов, оддалеченоста при апогејот на месечината изнесуваше 405.554 километри, а при понеделничкиот перигеј – 357.274 километри.

Еве како изгледа визуелната промена на големината на месечината во текот на годината:

moon libration wobble

А во понеделникот, Земјата, Месечината и Сонцето се подредија во линија така што да направат супермесечината да изгледа малку посветла и поголема од обично. Според НАСА, следната супермесечина од ваков вид ќе се случи на 25 ноември 2034 година.

Доста беа техникалии, да видиме што направија фотографите ширум светот. Бизнис Инсајдер направи колекција од 20-тина фото и видео снимки, со тоа што овие се проверени дека не се фејк (а човече, има еден куп лажни по интернет).

Пекинг, Кина

beijing-china[1]

Гластонбери, Англија

glastonbury-england[1]

Њујорк, САД

new-york-new-york[1]

Ханау, Германија

hanau-germany[1]

Пекинг, Кина

beijing-china[3]

Лондон, Велика Британија

london-england[1]

Бајконур, Казахстан

Кордоба, Шпанија

cordoba-spain[1]

Гаухати, Индија

gauhati-india[1]

Лос Анџелес, Калифорнија, САД

Лондон

Прочитајте и:  Фотографии што ретко се гледаат

london-england[1]

Сиднеј, Австралија

sydney-australia[1]

Феникс, Аризона, САД

Северна Дакота, САД

cannon-ball-north-dakota[1]

Сент Луис, Мисури, САД

Саут Ел Монте, Калифорнија, САД

south-el-monte-california[1]

Њујорк, САД

new-york-new-york[1]

Бајконур, Казахстан

baikonur-kazakhstan[1]

Сапоро, Јапонија

sapporo-japan[1]