Мехмед Меша Селимович: За курвите наречени „ улизувачи “

selimovic_267488S1[1]
„ Улизувачи – тоа за мене се најлошите луѓе на светот, најштетните, најрасипаните. Тие поддржуваат секаква власт, тие и се власт, тие сејат страв без милост, без никаков обзир, студени како мраз, остри како нож, како кучиња верни на секоја држава, како ку*ви неверни на секој поединец, најмалите луѓе од сите луѓе.
Додека ги има нив ќе нема среќа на светот, бидејќи ќе уништат сé што е вистинска човечка вредност “.
*  *  *
Мехмед Меша Селимович е познат писател со потекло од Босна од втората половина на 20-от век. Роден е во 1910 година во Тузла и важи за еден од најзначајните писатели на своето време. Неговите најистакнати дела се „Тврдина“, „Остров“ и „Круг“, а за романот „Дервиш и смрт“ литературните познавачи од Босна многупати истакнаа дека треба да биде кандидиран за Нобелова награда за книжевност.
- Реклама -