Најстресната работа на светот? Келнер

Според истражувањето објавено во магазинот Neurology, најстресната работа е келнерисувањето. Од друга страна, најмалку стрес на работа имаат научниците и архитектите, како и оние со „пасивна“ работа, како што се домарите, рударите и физичките работници.

Иако на прашањето која професија е најстресна многумина одговориле дека тоа се неврохирург, доктор, деминер или рудар, оваа студија покажува дека најстресни, а и најштетни по здравјето, се робовските работи во кој работникот не е ценет, меѓу кои дефинитивно спаѓа и тоа да си келнер.

Кинеските истражувачи тврдат дека ваквите работници имаат дури 58% поголем ризик од срцеви проблеми, а почесто се жртви и на мозочни удари, најчесто предизвикани од блокада во крвотокот. Студијата покажува и дека големото ниво на стрес на работа прави овие лица помалку да се грижат за себе, и почесто да прибегнуваат кон пороци.

Што се однесува до стресот, истражувачите велат дека најмногу зависи од чувството на контрола и почитта. Иако докторите, наставниците и сличните професии имаат ментално потешка работа, тие се чувствуваат попочитувани, и затоа не се под (толкав) стрес, барем во Кина, каде што е спроведено истражувањето. Спротивно на тоа, работниците во услужната дејност главно не се ценети.

- Реклама -