Нова политичка финта: Поправање улици со Фотошоп

СПОДЕЛЕТЕ

fotosop1[1]

Граѓаните на округот Приморски во Санкт Петерсбург барале од локалните власти да им ја поправат пешачката стаза која се распаѓала. Властите решиле дека е полесно тоа да го направи графички дизајнер.

Граѓаните се жалеле уште од март 2015. А дури сега, во октомври, локалните власти известија дека ја уредиле патеката и притоа објавија нови фотографии, очигледно фотошопирани.

fotosop2[1]
Лажги

Се разбира, граѓаните веднаш реагираа и ги обвинија властите дека лажат, праќајќи им слики од сé уште запуштената пешачка патека, и изразувајќи го гневот што задолжените лица и институции решиле да ја „поправат“ стазата со Фотошоп.

fotosop3[1]
Реалност

Овие пак, се правдаа дека им се провлекла грешка, што наводно било резултат на тоа што имале премногу работа. Според нивната приказна, постојат планови за поправка на стазата кои се планирани за 2017-та, а објавените фотографии биле од тоа како би требало да изгледа стазата по поправката.

Некои поверуваа во приказната и го прифатија извинувањето. Другите не се изненадени што властите се подготвени да ги испробаат сите финти за мачкање очи на граѓаните.

Сé уште реалност.
Сé уште реалност

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ