Тие што остануваат пријатели со бившите се (така малку) психопати

narcissists-and-psychopaths-love-to-stay-friends-with-their-exes-1462905941[1]

Бившиот/бившата сака да останете другари? Подобро радувај се на разделбата, бидејќи најверојатно си избегал/а од полошо. Меѓу редови, тоа е пораката на психолозите од Универзитетот во Оукленд, кои спроведоа истражување меѓу поранешни партнери со цел да дознаат која им е мотивацијата да останат пријатели.

Џастин Могилски и Лиза Велинг подготвиле два прашалника на кои одговориле 861 учесници. Првиот бил за односите меѓу парот додека уште бил вљубена двојка, вториот – за периодот по раскинувањето.

Заклучокот од наодите е ваков: индивидуите кои се склони кон нарцизам и психопатија, почесто сакаат да ги задржат контактите со поранешните.

За подобро да ја разберат мотивацијата на оваа група, претставниците биле прашани да ги наведат причините за желбата да го зачуваат пријателството со поранешните партнери. Поточно, да наведат седум причини.

Како прва од седумте причини, најчесто е наведено задоволството од тоа да имаш верен пријател на кој можеш да се потпреш. Но од друга страна, како причина натежнува сексот – и тоа почесто кај мажите. Психолозите пак, оценуваат дека сексот е важна причина генерално кај „мрачните личности“.

Д-р Тони Ферети, експерт по нарцисизам, дава добро објаснување што оди во прилог на резултатите од студијата:

„Нарцисоидните лица мразат кога доживуваат неуспех и кога губат. Тие ќе направат сé што е можно за да ја задржат врската, особено ако не биле иницијатори за прекинот на истата. Нарцисизмот им е повреден кога се отфрлени од својот партнер, и овие лица можат да  имаат потешкотии да продолжат понатаму“.

Романтичните врски се важни за менталното здравје и носат бројни поволности – појаснува Ферети, и додава дека луѓето кои доживуваат блискост и имаат здрава врска, по правило се физички поактивни, подруштвени, живеат подолго и се поздрави. Згора на тоа се и посреќни. При толку многу придобивки, не е ни чудно да сакаш да останеш близок со поранешната сопруга.

Но, нарцисите земаат во предвид и други бенефиции. На пример, тие можат да одлучат дека партнерот/партнерката им го повишува социјалниот статус. Тоа е и причината што многу ексцентрици „набавуваат“, така да се каже, „жена-трофеј“ (а и обратно), смета Ферети. Во претставата на нарцисоидниот маж, таквата жена му овозможува да си ја зголеми самодовербата.

Психолозите заклучуваат дека „темните“ карактери почесто се заинтересирани за тоа каква корист ќе имаат од врската, отколку за другите важни моменти од една врска. Така, тие се способни да останат поврзани со бившите и само за да го задржат пристапот до одредени ресурси (не мора да се материјални) кои ги сметаат за ценети. Притоа знаат кои се слабостите и на што се ранливи поранешните партнери, што го користат за експлоатација и манипулација, што од друга страна им дава чувство на моќ и контрола.

Сметајте се за предупредени, во случај да ви потфрли инстинктот.

- Реклама -