Throttle/Brake – епизода 32: Тјунинг и сé е можно – прв дел

СПОДЕЛЕТЕ

naslovna

Човекот и автомобилите се во константна сериозна врска повеќе од еден век. Тоа е повеќе од доволно време тие да бидат скоро совршена комбинација. Колку повеќе напредува автомобилската технологија, толку е поголем апетитот за брзина и перфекција кај луѓето. А технологијата е на навистина завидно ниво, барем од ентузијастички аспект. Замислете, некои автомобили достигнуваат 400 километри на час за 20 секунди! Проблемот со тие автомобили е многу едноставен, тие се премногу скапи за “обичните луѓе”. А, и обичните луѓе се нели, желни за тие неверојатни брзини. И така, еден “обичен” Nissan GT-R кој има 570 коњски сили и забрзување до стотка за 3 секунди, очигледно, на многу луѓе им е бавен па тие се одлучуваат за тјунинг. Што е тјунинг? Тјунинг е модифицирање на перформансите или изгледот на автомобилот. 

RWB Porsche 911 Pandora One

s1

Ќе започнам со најубавиот автомобил, ѕвездата на SEMA 2011 (саем за тјунирани автомобили во Америка). Станува збор за Porsche 911-ка (964) од деведесеттите и соработка помеѓу два тјунерски гиганти, Марк Арценал од Fatlace и неверојатниот Накаи Сан од RWB (Rauh- Welt Begriff). Резултатот е овој преубав зелен автомобил со изразено широко тело и огромен спојлер. Станува збор за целосно тркачки модифициран автомобил кој е легален на улиците. Најпрвин, отстранети се сите компоненти во внатрешноста и поставен е кафез и две тркачки седишта. Толку за внатрешноста. Во модифицирањето на надворешноста, акцентот е ставен на аеродинамиката. RWB wide body kit, RWB 18″ инчни тркала и огромен заден спојлер. Уникатната сатен зелена боја е дело на TNT. Под хаубата на овој зелен убавец се наоѓа Porsche турбо мотор модифициран од FETEC Motorsports. Со модификација на турбо полначот кој при полна пареа има 15 psi, достигнати се 550 коњски сили. Но, кога го гледате овој автомобил со целата своја убавина, дали воопшто помислувате на возење трки и коњски сили?

s2 s3 s4 s5

AMS Alpha Omega GT-R

s6

Неговото Височество Alpha Omega GT-R, со 2000+ коњски сили. Најмоќниот и најбрзиот модифициран автомобил во светот. Базиран е на “скромниот” Ronin GT-R со 1000 коњски сили кој пак има дури подобро забрзување од хипер автомобилот Porsche 918 Spyder. Да нема тајни помеѓу нас, од нула до стотка Robin забрзува за 2,2 секунди. Е сега, Ronin бил некако бавен, па чудаци те од AMS одлучиле Alpha Omega да го направат ни помалку ни повеќе, него двојно посилен. Се знае дека има 2000 плус коњски сили, дека е најбрз автомобил на 1/4 милја (7,70 секунди) и дека за тие седум и нешто секунди развива 300 на саат. И да, од место до стотка забрзува за 1,49?!? Ви текнува на култната фраза “ten seconds car”? Да знаете дека веќе не важи. И знаете што? Сето ова AMS Alpha Omega GT-R го прави без нитро и по пристојна цена од околу 220 илјади евра. Па и не е така многу, кога ќе сфатите дека за тие пари добивате автомобил кој има подобро забрзување од Koenigsegg Regera. 

s7

s8

s9 s10

^ Alpha Omega GT-R во акција.

RUF CTR Yellow Bird

s11

342 километри на час. Брзина која и ден денеска не остава никого рамнодушен. Пред 29 години, на еден собир на супер автомобили во Германија, на овалната патека Есра, едно навидум обично, жолто Porsche со чудни ознаки RUF достигнува неверојатни 342 километри на час и го руши рекордот на Ferrari F40. Одеднаш Yellow Bird станува најбрзиот автомобил во светот и сите се прашуваат што е тајната на RUF. Шасијата и моторот се позајмени од 911 Carrera. Зафатнината на моторот е зголемена од 3.2 на 3.366 литри и атмосферската аспирација е заменета со твин турбо за максимални 469 коњски сили. Исто така, предноста на RUF Yellow Bird се должи на ниската маса од само 1150 килограми и специјалниот аеро пакет. Направени се само 29 примероци од овој култен жолт автомобил. 

s12

Brabus E V12 Black Baron

s13

Каде што запира AMG, продолжува Brabus. Светски позната тјунерска компанија која од Mercedes Benz автомобилите прави чудовишта. Овој модел на Brabus, поконкретно Црниот Барон, е еден од помонструозните од гамата. Магијата на Brabus е во V12 моторите. Обичниот 6.3 литарски V8 од AMG се конвертира во 6.0 V12 битурбо и развива 800 коњски сили и 1420 Nm. Познато е дека од Brabus не штедат на карбон фибер, па затоа масата на “Црниот Барон” е значително пониска во однос на неговиот роднина од AMG. Стотка достигнува за 3,7 секунди, 300 за 23,9 а максималната брзина му е 370 километри на час, што го прави најбрз супер салон во светот. И да, за само 600 илјади евра овој ѕвер може да биде ваш.

s14 s15

Mine’s Skyline R34

s16

Еден од најомилените автомобили на покојниот Пол Вокер. И самиот тој поседувал еден ваков. Ова е автомобилот поради кој Кеичи Тсучија ака Drift King во едно од видеата на Hot Version непрекинато викаше Хајасуги, што на јапонски значи многу брзо/брз. Кога се работи за Skyline R34, компанијата Mine’s е најдобриот избор. Стандардниот мотор на R34 е модифициран во Spec 2  битурбо и развива 600 коњски сили. Можеби не звучи многу, но овој автомобил е многу брз и навистина удобен за секојдневно возење. 

s17 s18

^ Дрифт Кинг и Mine’s Skyline R34.

 

Брацо Моралиќ
Брацо Моралиќ
- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ