Амезаику: Сладок, сладок занает

shinri-tezukas-amezaiku-studio-3[1]

Кога ќе ги споиш уметноста со занаетот, и кога така споени ќе ги замешаш во манџа од слатки, го добиваш Шинри Тезука.

За себе вели дека е „candy artist“. Има 27 години и е еден од малкуте на негова возраст, и во денешно време воопшто, што прават бонбони според старата јапонска уметничка традиција наречена „амезаику“. Овие уметници денес се толку малку, што веќе не ни постои школа за изучување на амезаику. Тезука е комплетно самоук.

Cuando-las-golosinas-son-convertidas-en-arte-Shinri-Tezuka-1[1]

А бонбоните? Бонбоните се уникатни затоа што се кристално проѕирни. Уникатни се и затоа што процесот на оформувањето на размекнатиот растопен шеќер трае само неколку минути (максимум пет), а потоа се стврднува како и секоја друга тврда бонбона. А сепак, Шинри успева да направи детални бонбони во форма на коњи, златни рипки, зајци, жаби, октоподи, панди…

Shinri-Tezuka-Amezaiku-candy-sculpture-5[1]

4fa2a194adbce6ecd34811fa1657b634[1]

Прочитајте и:  Човекот што си го продаде грбот со тетоважа како уметничко дело