Турција во војна со Ерменија, ама за пица

СПОДЕЛЕТЕ

edit-lahmacun-13[1]

Отворањето на два ерменски ресторани во Русија предизвика гнев во Турција, заради обидите популарното турско јадење, слично на пица, да биде претставено како ерменско национално јадење, пишува Индепендент.

„Ламаџо“ на ерменски, а „лакмаџун“ на турски, е тенка кружна тестена кора, на која се става мелено или јагнешко месо, домати, магдонос и зачини, а потоа се пече.

Навидум неважното отворање на рестораните, за кои турските весници соопштија порано месецов, предизвика толку многу бес во Турција, што доведе до еден куп телевизиски репортажи во кои се објаснува зошто јадењето е турско, а не ерменско.

Од друга страна, односите меѓу двете соседни земји се затегнати заради други причини, имено одбивањето на Турција да го признае ерменскиот геноцид од 1915-1923 година. Како резултат на тоа, меѓу Ерменија и Турција не постојат официјални дипломатски канали.

Ова не е ни првиот случај во кој храна предизвикува дипломатска тензија меѓу Анкара и Ереван. Турција се лутеше и кога во 2014-та „парленката“ – слична на тортиља, беше вклучена на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство и „израз на ерменската култура“.

Таквото решение предизвика протести во Турција, Азербејџан, Иран, Киргистан и Казахстан, според кои тоа е регионална, а не ерменска храна. Прашањето е вклучено во агендата на следната седница на Меѓувладината комисија за заштита на светското културно наследство, кое ќе се одржи во Адис Абеба, Етиопија.

Но Ерменија не е единствената држава со која Турција спори за храна. Очекувано, тука се Грција и Кипар, со кои Турција се расправа за маслинките, баклавата и „халуми“-то, а како што знаеме, интерна војна се води и за гирото/донерот. Од друга страна, лакмаџунот/ламаџото е популарна храна и во Израел, Либан и Сирија.

- Реклама -