Кој е на сликата: Том Хенкс или Бил Мареј?

СПОДЕЛЕТЕ

Ако влезете на IMDB, ќе ви каже дека Том Хенкс има глумено во 81 филм во кариерата, која датира уште од 1980 година. Името на Бил Мареј, пак, се спомнува во 83 актерски „кредитс“-и, а неговата кариера почнува уште во 1973 година. Тоа значи дека Бил Мареј и Том Хенкс се повеќе од 35 години заедно во филмската индустрија, а сепак, за чудо, никогаш не се појавиле заедно во ист филм. Сомнително нели?

Можно ли е Том Хенкс и Бил Мареј да се истиот човек? На интернет веќе почнаа да се јавуваат конспираси шегаџии со такви тврдења, а сé почна благодарение на оваа фотографија во продолжение. На прв поглед се чини дека на сликата е Бил Мареј/Том Хенкс, ама па после се чини дека е Том Хенкс/Бил Мареј. На трет – пак обратно, и така до бескрај.

nhyo7ekcy2qb4ifsyhu7[1]

Ете гледате? Најлогичниот одговор сепак е „и двајцата“.

ПС. Бил Мареј е.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ