Видео: Еден страшно чуден експеримент со баскет

maxresdefault[1]

Ако пуштите топка од голема висина, таа ќе падне отприлика точно под местото каде што сте ја пуштиле. Ама ако ја фрлите од доволно голема височина и со малку спин наназад, се случува нешто многу интересно и навидум сосема лудо.

Се работи за таканаречениот Магнусов ефект. Тоа е појава што се јавува кога едно тело ротира во струја од флуиди, заради различниот притисок на едната и другата страна на топката. Во суштина, се работи за нерамномерна сила што делува попречно од оската на ротација на топката, т.е. која делува различно на предната и задната страна на, во случајов, баскетот. Замислете го тоа вака: кога баскетот е фрлен со блага ротација кон вас, додека паѓа, воздухот на предната страна на баскетот оди во иста насока со ротацијата – со тоа топката го повлекува со себе и практично го префрла на другата страна, каде тој почнува да делува со сила што ја турка топката во обратна насока…

За да не звучиме како идиоти, погледнете го видеово. Не само што е импресивно да се види, туку зборува и за практичните примени на Магнусовиот ефект, и сегашни, и идни; на пример, товарен брод со ротирачки вертикални столбови, како овој на сликата.

eShip-1-Enercon[1]

Конечно, еве како работи:

Хајнрих Густав Магнус (1802. – 1870) е првиот што ја воочил и објаснил оваа појава, оттаму и го носи неговото име. И споменатата сила често се нарекува Магнусова сила.

- Реклама -