Францускиот екс-министер за економија не знае колку пари е кроасан

pecivo_kroasan_pxb[1]

Жан-Франсоа Копе, сега кандидат за претседател на Франција, рече дека појма нема колку пари е кроасан со чоколадо. Пазете, зборуваме за едно од омилените француски пецива, во татковината на кроасаните.

„Немам појма. Веројатно чини меѓу 10 и 15 центи“, рече Копе во интервју за радио Европа1. Доволно е да прочитате само еден француски весник, и ќе сфатите дека кроасан всушност чини 1.20 евра.

По интервјуто, Копе се правдаше дека не ја знае цената затоа што тој лично се хранел здраво. „Признавам дека не купувам кроасани често, бидејќи морам да бидам внимателен со калориите“, рече екс-министерот.

Ваквата оправдувачка тешко му проаѓа, бидејќи тој не е ни првиот ниту последниот од европските политичари кој вака јавно се посрамил околу цената на некоја од основните животни намирници. Напротив, вакви прашања често им се поставувани, а досегашните одговори се покажа дека политичарите немаат допирна точка со реалноста.

Полошо од тоа министер да не ги знае цените на обичниот живот, е тоа да смета дека цените се 6 пати помали отколку што се во реалноста. Кога би било обратно, на пример, кога Копе би мислел дека кроасанот е 6 и кусур евра, можеби ќе бил и свесен дека тоа е проблем за просечниот граѓанин. А вака си мисли „еј, па што се 15 центи за просечен Французин“…

Добро е што кај нас не е можен ваков проблем: министрите веројатно добро ги знаат цените на кроасаните… воглавно затоа што една висока пратеничка има своја пекара среде Скопје.

- Реклама -