Најкратката хорор приказна на Стивен Кинг

СПОДЕЛЕТЕ

95804102[1]

На својот Твитер профил, прочуениот писател ја објави својата „најнова кратка хорор приказна“. Оди вака:

„Некогаш одамна постоел човек по име Доналд Трамп и се кандидирал за претседател. Имало луѓе што сакале да победи“.

Кинг и претходно јавно го искажа своето незадоволство. За Вашингтон Пост изјави дека е ужаснат од самата можност Трамп да застане на чело на државата.

„Помислата на тоа дека Трамп може да стане претседател ме плаши повеќе од било што друго“.

Кинг беше и еден од 450-те писатели кои го потпишаа отвореното писмо во кое изразуваат загриженост околу кампањата на Трамп.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ