Зошто се разведуваат Кинезите?

СПОДЕЛЕТЕ

16db8be8-8081-11e6-9a58-22a696b49295_1280x720[1]

По повеќе години брак, брачниот пар Чин решава да се разведе. Причината? Стриктно материјална, ама не таква каква што мислите.Семејството Чин поседува пералница за облека и им оди прилично добро. До толку добро, што сакаат покрај трите стана да купат уште еден. Но, во обид да го намали притисокот на пазарот за недвижнини, локалната влада одлучи да им забрани на веќе постоечките сопственици на повеќе недвижнини да купат уште една.

Таквите ограничувања се на сила во дури 21 град во Кина, со што пазарот донекаде и навистина се „олади“. Експертите предупредуваат дека овие мерки ќе имаат краток ефект, бидејќи понудата на капиталот е сé уште преголема, а понудата на недвижнини, премала. Во првите три квартала од годинава, цените на становите во Шангај пораснаа за 30%, а во малите градови – за 13%, наведува Блумберг.

Дури и централната влада се обидува да ги заузда шпекулантите во продажбата на големите парчиња земја, па моментално 45 од нив се под истрага. Од друга страна, евентуалниот пад на цената на недвижностите претставува закана за кинеската економија. Пониски цени за само 10% би можеле да предизвикаат загуба од 243 милијарди јуани за инвеститорите.

Па, зошто се разведува брачниот пар во нашиов случај? Затоа што и двајцата се убедени дека цените на недвижнините и понатаму ќе растат, и се решени да го купат тој четврти стан, макар фигурирале и како самци. Како што велат самите, „цените растат веќе две децении“.

- Реклама -