Нуркачко видео: Еден на еден со ајкула

Пред некоја година, нуркачот Џејсон Димитри учествувал во програмата за зачувување на коралните гребени во западниот дел на Карипско море, кои биле жртва на инвазија од отровни риби од семејството на морскиот шкорпион. Во овие води не живеат директни предатори на морскиот шкорпион, па отровните риби почнале непречено да ги уништуваат локалните видови.

При една од „мисиите“, додека Џејсон нуркал на длабочина од околу 20 метра во потрага по штетниците, одеднаш се нашол очи во очи со карипска ајкула. Целата борба е снимена на неговата GoPro камера, и притоа нуди можеби еден од најдеталните увиди во тоа како изгледа да те нападне ајкула.

- Реклама -