Женски „узречици“ што ги нервираат машките

„Не можам да си најдам кондури“
„Не можам да си најдам кондури“

Мала селекција од страшно многу повторувани женски изјави кои после вториот или дваесеттиот пат (зависно од нивото на толеранција на мажот) почнуваат да одат на нерви, онака благо и подмолно, колку да не си раат.

1. Аиии, бриши одма сликава, види каква сум!

2. Што ти е вака прљава колата?

3. Се гледа ли многу дека ми е виснат стомакот во фустанов?

4. Ние четири сме ти како Сексот и градот.

5. Не е тоа сукња, тоа е хаљина!

6. И за тебе ова е исчистено? Еј, другпат подобро не ми помагај.

7. Ма не оговараме, само коментираме.

8. Ма не мораш да ме носиш, ќе фатам такси.

9. Леле нее, ми пукна ноктот!

10. Смени на петка, ми почнува серијата.

11. Треба да добијам, па целата сум нешто…

12. Не можам, не сум депилирана.

13. Па и јас да имам пари како неа, да видиш како би изгледала.

14. Уф, како би изела нешто слатко, ама не смеам…

15. И пак немам што да облечам.

16. Не приметуваш дека бев на фризер?

17. Како ми стои? Ама искрено…

- Реклама -