Британските медиуми „вработуваат“ роботи-новинари

СПОДЕЛЕТЕ

140714_TECH_RoboJourn.jpg.CROP.promo-mediumlarge[1]

Роботи новинари веќе работат во медиумите во Велика Британија, пишува Daily Mirror.

Се смета дека (ќе) работат многу попрецизно од колегите од крв и месо. Сепак, роботите ќе бидат дел од само од некои од активностите во новинарството, вели главниот уредник на PA – Пит Клифтон. Се разбира, агенцијата ќе продолжи да работи и со луѓе, а роботите ќе бидат задолжени за пишување на кратки вести од областа на спортот, финансиските пазари и изборни резултати.

Како што истакнува Пит Клифтон, една данска новинска агенција веќе користи роботи за вести од берзите. Сепак, тој наведува дека машините нема да бидат употребувани за покривање на настани како судски рочишта и пожари, на пример.

Според минатомесечниот извештај на компанијата за пазарни истражувања Forrester, се очекува до 2021 година роботите да елиминираат 6% од сите работни места во САД, почнувајќи со опслужувањето на клиенти, па до камионџиите и такси возачите.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ