Tesla, дојди да ме земеш од работа

СПОДЕЛЕТЕ

tesla

Сите нови автомобили на Tesla ќе бидат опремени со хардвер специјално наменет за режимот на самоуправување, објавија од компанијата на Илон Маск.

Возилата ќе се произведуваат со осум камери со видливост од 360-степени, во опсег од 250 метри. 12 ултразвучни сензори ќе ја дополнуваат способноста за ориентација во просторот на возилото, но и за детекција на сите „тврди и меки предмети“. Радиусот на дејство на овие сензори е двојно поширок од системот што се користи во моментов.

Во автомобилите на Tesla ќе биде поставен и нов патен компјутер, со 40 пати поголема пресметувачка моќ во  споредба со последната генерација.

Tesla веќе прават тест обиди на новиот систем, а објавија и видео во кое е прикажано како целосно самостојното возило се снаоѓа низ градот и на брзите патишта без никаков проблем.

Новиот Model X излегува од гаражата, минува низ градот, регистрира сé што се случува на автопатот и конечно пристигнува пред седиштето на Tesla, каде го остава патникот и паркира сам. Да, сето тоа време зад воланот седи возач, но единствено од легални причини – практично нема никакво учество во процесот на возење.

Како што забележува Илон Маск на Twitter – автомобилот е доволно „паметен“ за да препознава дури и паркинг-место за инвалиди, и нормално, да го избегнува.

elon

Маск тврди и дека кога новиот систем ќе ги помине сите тестови за безбедност, сопствениците на Tesla ќе имаат можност да го „повикаат“ автомобилиот со едно копче на мобилниот телефон – дури и ако се наоѓате на другиот крај на земјата, порано или подоцна автомобилот ќе ве најде.

Планот на компанијата е да заврши со тестирањата до крајот на 2017 година, по што ќе ја вметне софтверската надградба во сите нови модели.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ