Тест по конформизам: Експериментот на Еш

konformizam

Експеримент со конформизмот на Соломон Еш е еден од најпознатите аргументи во прилог на фактот дека е тешко да одолееш на притисокот на групата. Кон средината на минатиот век, американскиот психолог покренал серија од студии со цел да се документира моќта на потчинувањето кон гласот на мнозинството.

На субјектите им било речено дека ќе учествуваат во тестирање на видот, во група заедно со други луѓе. На учесниците им се покажувани слики, и секому засебно им било поставено многу едноставно прашање, со очигледен одговор: Која од линиите на сликата десно, одговара на линијата на сликата лево?

_sp-snaga-povinovanja-glasu-vecine[1]

Меѓутоа, трикот бил во тоа што сите други „испитаници“ во собата, освен субјектот, биле само „статисти“ во експериментот, со задача да даваат очигледно погрешни одговори. Значи, во суштина, се испитувало дали субјектот ќе биде различен од групата во ситуации кога групата очигледно и наивно греши.

32% од вистинските испитаници одговарале погрешно откако ќе увиделе дека останатите тројца во училницата даваат ист одговор различен од нивниот, и покрај тоа што бил радикално погрешен.

Замислете колку тој процент е поголем кога се во прашање одговори на прашања и ситуации кои се помалку очигледни. Во пракса, најголем дел од луѓето ќе се смеат со групата макар и не го разбрале вицот, ќе ги преиспитуваат своите ставови ако сфатат дека тие ставови не се популарни во групата – па колку и претходно да биле уверени во нив, и ќе ги прават нештата што ги прави и групата, на некој начин имитирајќи ја. Импликациите од таквото однесување? Огромни.

- Реклама -