АДМИНИСТРАТИВНИ ИГРИ ЗА ДЕНОВИ НА ОПШТИНА КАРПОШ

Во рамките на Деновите на Општина Карпош, во пресрет на јубилејниот 40-ти роденден на Општината, од денес вторник (17.10.2016 година) започнуваат административните игри, кои ќе траат во наредните два дена. Административците од општините Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Град Скопје, ќе се натпреваруваат во седум категории и тоа: мал фудбал, кошарка, пинг понг, пикадо, шах, пливање и тенис.

Натпреварите ќе се играат по следниот редослед:

18.10.2016 година

Мал фудбал – СЦ „Форца“ во 13 часот,

Кошарка – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во 15 часот.

19.10.2016 година

Пинг Понг – ООУ “Владо Тасевски“ во 14 часот,

Пикадо – ООУ “Владо Тасевски“ во 14 часот.

20.10.2016 година

Шах – ООУ „Јан Амос Коменски“ во 14 часот,

Пливање  – (информацијата ќе биде дополнета).

Тенис – (информацијата ќе биде дополнета).

 

- Реклама -