Париз добива сала за дрогирање

soba_za_drogiranje[1]

Во петок, во Париз ќе се отвори првата сала за наркозависници, каде ќе можат да се дрогираат во подобри санитарни услови.

Иницијативата ја поздравија бројни здруженија во Франција, макар што наиде на осуда од десницата.

„Салата за конзумирање дрога со минимален ризик“ е сместена во дел од болницата Ларибуазијер, во парискиот кварт што е најпогоден со проблемот на токсикоманијата.

Со ова, Франција им се приклучи на Германија, Австрија, Канада, Шпанија, Данска, Луксембург, Норвешка, Холандија и Швајцарија – земји во кои отварањето на вакви простории се покажа мошне ефикасно.

Просторот од 450 метри квадратни ќе биде отворен секој ден од 13:30 до 20:30 часот, и дневно ќе може да прими до 100 полнолетни корисници. Притоа на овие лица на располагање ќе им стојат услугите на докторите, болничарките, едукаторите и социјалните работници.

- Реклама -