Да се биде криминалец на Антарктикот

СПОДЕЛЕТЕ

SouthPole092307013a[1]

Антарктикот е континент двапати поголем од Австралија, без постојани жители – освен научниците од десетина земји кои периодично се менуваат и престојуваат во истражувачките бази.

Ама и научниците се луѓе, а Јужниот пол е досаден, па некогаш знаат да бидат насилни и да извршат поситни или покрупни криминални дела. Па така, се поставува прашањето како да се реши тој проблем во една така отсечена област каде што надлежноста е матна, нема судови, затвори или полиција.

Според договорот за Антарктикот потпишан од 53 земји, тие што ќе извршат тешки злочини се под јурисдикција на своите земји.

Така, кога еден кувар во американската база го нападна колегата со чекан, FBI прати агенти да го истражат случајот. До нивното пристигнување, тој беше сместен во својата соба. Не дека има каде да се бега.

Лошото време на Антарктикот може да трае со денови и со недели, и да го отежни патувањето и пристапот до и од базите. Затоа шефот на американската станица истовремено е и заменик маршал на САД, и има овластување да ги уапси сите кои ќе извршат злочини.

Кражбите се ретки бидејќи луѓето не понесуваат многу, и особено не скапи предмети со себе кога одат на Антарктикот. Да се крадат пари нема поента, бидејќи таму не ви вредат ништо. Ама затоа има многу алкохол и пијанчење, што често доведува до тепачки.

На темата: Пијанчење и тепачки меѓу научниците на Антарктикот

За помалите прекршоци, казната најчесто е отказ и испраќање на виновникот дома. Проблемот настанува кога се случуваат злочини во кои се вмешани припадници на различни држави.

Седум држави тврдат дека имаат сопственост над дел од континентот – Аргентина, Австралија, Британија, Чиле, Франција и Нов Зеланд.

САД имаат три бази, и сите лежат на територијата која ја присвојува Нов Зеланд. Така, кога Австралијанецот Родни Маркс умре во една од базите, телото му беше однесено во Нов Зеланд, каде што аутопсијата покажа дека умрел од труење. Но бидејќи тоа се случи во американска база, ограничената истрага на новозеландската полиција никогаш не утврди дали се работи за убиство или самоубиство.

- Реклама -