Компанијата што продава велосипеди во кутии со испринтан телевизор

vanmoof-bikebox-e1474899290153[1]

Компанијата VanMoof е холандска компанија што произведува велосипеди и најголем дел од нив ги извезува во странство, најмногу во САД. До скоро, мака мачеше со испораката на своите производи, при која голем дел од велосипедите пристигнуваа оштетени.

Проблемот беше толку сериозен и штетите толку големи, што на крајот целата нивна продавница во Бруклин се наполни со оштетени, ремонтирани велосипеди, кои VanMoof мораше да ги продава по пониска цена, вели Тако Карлиер – коосновачот на компанијата.

Неопходно беше брзо решение, а се покажа – и итро. И го најдоа. На состанокот на тимот, заклучуваат дека куририте ќе бидат повнимателни со пакетите, ако знаат дека во нив има поскапа стока. А кутиите со велосипеди на VanMoof се речиси со иста големина со кутиите на големите рамни телевизори. Тимот го решава токму тоа – да испечати телевизори на нивните пакети.

CrisIzuWEAAJKTl-630x427[1]

Идејата работи „како шарм“, што би рекле Американците. Со маскирањето на велосипедите како телевизори, холандскиот производител успева да ги намали штетите за 70 до 80 проценти.

Креативниот директор на компанијата – Бекс Рад, ја откри идејата во блог пост со наслов „Нашата тајна е надвор“, во кој истакнува дека компанијата морала да преземе акција за намалување на дефектите при испорака, за да одговори на својата амбициозна цел за зголемување на онлајн продажбата.

Тој пишува: „Почнавме да испорачуваме велосипеди по воден пат уште пред осум години и се обидовме да најдеме партнери-доставувачи кои велосипедите ќе ги третираат со истата љубов и грижа како што ги третираме и ние. Сепак, без разлика кој ги доставуваше, премногу од нашите велосипеди пристигнуваа оштетени. Тоа се претвори во скап за нас и проблем досаден за нашите клиенти. За да ја постигнеме целта 90 проценти од нашите производи да се продаваат на интернет до 2020 година, моравме да најдеме решение“.

VanMoof првично се надеваа да ја задржат идејата во тајност, но на крајот сепак ја објавија јавно на Facebook, откако еден корисник веројатно ненамерно ги разоткри на Твитер во обид да ги пофали за генијалноста. Се разбира, реакциите на социјалните мрежи беа крајно позитивни, нарекувајќи ја идејата „сјајна“, „генијална“ и „неверојатно паметна“.

- Реклама -