Колма – „Градот на мртвите“ со 833 погребани по глава на жител

06COLMA1-superJumbo[1]

Јужно од Сан Франциско, во близина на Дали Сити, се наоѓа гратчето Колма, каде има повеќе мртви отколку живи „жители“ – на 833 мртовци има по еден жив.

На површина од помалку од 5 квадратни километри, закопани се телата на повеќе од 1.5 милиони луѓе погребани во областа од 17 век па наваму. Речиси сите од погребаните некогаш биле горди жители на Сан Франциско, и во текот на животот, и во смртта. Но, на почетокот на минатиот век, градот прифаќа наредба според која сите посмртни останки треба да бидат изнесени од градските граници.

Иако властите ќе тврдат дека гробиштата шират болести, вистинскиот мотив за прогонот на закопаните е зголемената цена на недвижностите во тој период во регионот – имено земјата е премногу скапа за да биде користена за гробови.

Стотици илјади мртви тела се ископани и транспортирани во слободното земјиште јужно од градот, па така почнува да се оформува и Колма. Првите жители се главно гробари, цвеќари и каменоделци. Дури по 1980 година се појавуваат и нови жители од други професии.

Денес во гратчето има голем процут на претпријатија, вклучувајќи автосалони и трговски центри. Во последните години Колма е домаќин и на многу боксерски настани.

colma-san-francisco-32[1]

Историјата на градот всушност датира од средината на 19-тиот век и започнува со златната треска во Калифорнија од 1849 година. Примамливоста на идејата за брзо стекнување богатство, во реонот привлекува стотици илјади трагачи по злато, трговци и други имигранти од целиот свет.

Десетици илјади од нив завршуваат во Сан Франциско. Но трагањето по злато не е лесна работа, па илјадници умираат при несреќи и од болести, како колерата. Градот, се соочува со голема потреба од повеќе гробишта. Направени се триесеттина, но набрзо го достигнуваат полниот капацитет.

Тогаш властите го свртуваат погледот кон Колма – мала заедница на домови и бизниси во El Camino Real и во близина на железничка линија. Првите гробишта се направени во 1887-ма.

Во 1900-тата, властите на Сан Франциско прогласуваат дека во градот нема повеќе место за гробови и ги забранува новите погреби. Во 1914 година се покажува дека дури и бизарната забрана не е доволна, туку треба да се врати и просторот кој е окупиран од веќе постоечките гробишта. Тогаш се испратени наредбите за преместување на телата – а мртвите почнуваат масовно „да мигрираат“ во Колма.

colma-san-francisco-74[1]
Отстранувањето на телата од гробиштата на Сан Франциско.

Денес градот е дом на 1.800 живи жители и 1.5 милиони мртви, вклучувајќи некои од најпознатите личности на Америка – како што таткото на фармерки Леви Штраус, медиумскиот магнат Вилијам Рандолф Херст и основачот на Bank of America – Амадео Џанини.

Заради големиот број на гробови, Колма го заработува мрачниот прекар „Градот на мртвите“. Жителите на Колма пак, ја прифаќаат ситуацијата со хумор – официјалниот слоган на градот е „Супер е да си жив во Колма“. Под „супер“, веројатно не мислат на ова:

JCK_4667[1]

- Реклама -