Бела куќа, косовско знаме, Сикстинска капела

dsfj1ljenjd[1]

Се отвора капијата со дезен што најверојатно го симболизира Дрвото на животот и влегувате во двор со бела куќа што многу потсетува на Белата куќа во Вашингтон, макар што конструкцијата е носена од 16 антички столбови. На влезот ве пречекуваат четири знамиња: американско, албанско, косовско и швајцарско, како и црвен тепих што води до големата кафена врата.

rgdthtdyk[1]

Влегувате во куќата на Кенед Фрокај во Ѓаковица, југозападно Косово, близу границата со Албанија. А внатре, посебна приказна. Позлатен мебел и свеќи, масивни лустери и темноцрвени драперии, мермерни скулптури на грчки и римски богови, вистинско Ламбурџини во дневната, мотиви од Сикстинската капела над кујната… и така 550 квадратни метри.

Kened-Frokaj-520x293[1]

Сликата на 9:09 во видеото најдобро сумира: Нешто што веројатно е родното место на сопственикот, па до него некаков стар мост, па до него мотиви од Косовската војна, веднаш до нив грчкиот Партенон, па веднаш до него нешто што веројатно е куќата на Кенед во Швајцарија (таму живеел и работел) со швајцарските Алпи во позадина, па веднаш до неа токму куќава за која зборуваме, таа во Ѓаковиќ – и сето тоа во една слика.

- Реклама -