Ништавилото на Соленото езеро во Турција

СПОДЕЛЕТЕ

42-salt-lake-jp

Соленото езеро, познато на турски како Tuz Gölü, го прогонувало фотографот Питер Едел цели две години по неговата прва посета на регионот на Централна Анадолија, сé додека конечно не му се пружила шанса да се врати и да ги направи фотографиите кои дотогаш постоеле само во неговата глава.

Еден е новинар кој пред сé работи на политичките состојби во Турција, но за време на посетата на езерото очајно сакал да го преточи во слика тоа што не можел да го опише со зборови. Во меѓувреме инспирација ќе му бидат сликите на апстрактниот експресионист Барнет Њуман, кој одигра улога и во самото поставување на темелите на тоа што подоцна стана минимализам.

Во 1940-тите, Њуман го има дефинирано „уметникот“ како некој „што се обидува да извлече нешто од празното, од ништото“. Соленото езеро во Турција, во очите на Едел, е способно да биде тоа ништавило, барем до степен колку што едно земно тело може да претставува апстрактна идеја.

Tuz Gölü пак, има многу форми и ликови, во зависност од тоа кога го посетувате. Околу јули, кога водата почнува да испарува, алгите го бојадисуваат во темноцрвено – феномен што некои од најголемите медиуми го споредија со „некаква библиска чума“ или „знак на апокалипсата“. Во август, кога водата исчезнува, останува само дебел слој од сол, дебел и до 30 сантиметри.

Фотографиите на Едел не го прикажуваат езерото во неговото најпозитивно светло, напротив, тие се пресуптилни за такво нешто. Но замислата е да претставуваат порта во еден поинаков свет, навидум празен, но богат со тајни. За разлика од тоа што повеќето го сметаат за минимализам – едноставноста, фотографиите на Едел, како и сликите на Њуман, се обидуваат да извлечат елементи од ништавилото.

01-salt-lake-jp 04-salt-lake-jp 05-salt-lake-jp 07-salt-lake-jp 10-salt-lake-jp 12-salt-lake-jp 27-salt-lake-jp 33-salt-lake-jp 34-salt-lake-jp 36-salt-lake-jp 39-salt-lake-jp 41-salt-lake-jp 42-salt-lake-jp 44-salt-lake-jp

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ