Затупувањето на Турција

СПОДЕЛЕТЕ

3658E07E00000578-3693828-image-m-3_1468712003631[1]

„О Боже, те молам заштити нé од злобата на образованите!“

Токму така се обрати имамот на погребот на Абдула Олчак и неговиот татко Ерол Олчак – блискиот пријател на Реџеп Тајип Ердоган и на новинарот-фотограф Мустафа Џамбас, кои беа убиени од војската за време на неуспешниот пуч на 15 јули.

Ерол Олчак беше архитект и мозок на успешните изборни кампањи на Партијата на правдата и развојот (АКП). Таа вечер, тој излезе да им се спротивстави на оние кои се обидоа да ја урнат демократски избраната влада.

Според она што се знае, наведува турскиот Хуриет, тој беше почитуван од сите заради неговата хуманост и се знае дека беше образован човек. Неговиот погреб се одржа во џамија во дворот на Универзитетот во Мармара.

На погребот, имамот побара од Алах да ги заштити Турците од образованите, и тоа додека претседателот, претседателот на Собранието и министри од Владата стоеја во религиозната процесија зад него. Никој не најде ништо чудно во неговите зборови.

На почетокот на годинава, Булент Ари – „професор“ од истанбулскиот Универзитет „Сабахатин Заим“, во телевизиско интервју ја кажа следнава забелешка: „Ме лазат морници од помислата дека расте бројот на образовани луѓе. Им верувам на инстинктите на незаинтересираните и неписмените во оваа земја“.

Професорот Рамазан Еврен, претседател на Управниот одбор на Универзитетот „Сабахатин Заим“, на университетската веб страна напиша дека нивната мисија е да образоваат генерација која е збир на минатото и иднината на сите полиња, почнувајќи од хуманитарните и социјалните науки до инженерството и природните науки, и дека тоа ќе воспостави баланс помеѓу традицијата и модерното.

Не беше изненадување што „професорот“ Ари мораше да поднесе оставка по неговата забелешка.

Вистина е дека нивото на образование одредува колку е некоја држава напредна. Ова се однесува не само на Западот, туку и на незападните земји, како што е Јапонија. Исто така, факт е и дека знаењето е моќ. Токму затоа владетелите во помалку развиените земји ја држат конролата врз образованието, а посебно врз високото образование.

Се разбира, на свесноста дека некој е инфициран со знаење кое му дава можност да прави компаративна критичка анализа, при недостиг на демократија, се гледа како на закана. Интонацијата на имамот и забелешките на „професорот“ кои тука се наведени, се доволна индикација што потенцира каде Турција стои во однос на ова прашање.

Ситуацијата беше доволо лоша дури и пред обидот за пуч. Истражувањата покажуваат дека по него ситуацијата е уште повеќе влошена затоа што бројот на универзитети и илјадници независни самосвесни професори се меѓу главните цели на тековниот отстрел.

Ситуацијата е толку лоша што ЕУ ја откажа својата „Стипендиска програма Жан Моне“ за академската 2016/2017 година. На официјалната веб страна на програмата, стои дека причината за откажувањето е „неможност да се постигнат целите на програмата заради неодамнешниот развој на ситуацијата, со цел да не се загрози репутацијата на програмата“.

Во меѓувреме, „Фондот за спас на професорите“, кој се дефинира како добротворна организација која им помага на наставниците да избегаат од проблематичните држави, информира „дека е под сé посилен и шокантен притисок од барањата кои доаѓаат од Турција“. Како што е случај при секој пуч во Турција – без разлика дали бил успешен или не – сега се случува нов одлив на мозоци од земјата.

Многумина од Турците од лично искуство потврдуваат дека дека има пораст меѓу нивните пријатели и истомисленици кои бараат начини да си ги испратат децата на студии во странство. Не е познато колкав број од тие млади луѓе некогаш ќе се вратат откако ќе се образоваат.

Не е чудно што некои од најголемите умови што ги создала земјата се образовани во странство, каде многумина и останале со цел самите да се заштитат од стисокот на необразованите.

„Во меѓувреме, стандардот на безбројните политички и социјални телевизиски дебати кои мораме да ги трпиме секоја вечер, покажуваат каде сме во однос на нивото на интелигенција“, наведува Хуриет.

- Реклама -