Скопје домаќин на The Distinguished Gentlemans Ride

dgr

Годинава македонската метропола ќе биде дел од глобалното движење The Distinguished Gentleman’s Ride, кое е единствено од овој тип и се одржува на иста дата, со иста причина, во повеќе од 500 градови во светот.

Моторџии во костуми, со вратоврски, со лаковани чевли, „нашмникани“, дуздисани…ќе видиме в недела (25 септември) на улиците низ нашиот главен град. ??? … Не, не е никаква шега!  Нема кожни јакни, чизми, шлемови, синџири…, само елеганција во движење! За поддршка на каузата, која претставува собирање средства  и подигнување на свеста кај мажите за превенција од рак на простата, повеќе од 60 моторциклисти со уникатни мотори и специјална џентлменска гардероба ќе продефилираат низ централните скопски улици. Главен акцент на настанот е префинетиот вкус во модата и уникатност на моторциклите, со што ќе се навратиме наназад во ерата кога естетиката и деталите биле многу повеќе присутни и ценети од денес.

The Distinguished Gentleman’s Ride е основан во 2012 година од Mark Hawwa во Сиднеј, Австралија и како свое лого има џентлмен со луле и монокл облечен во најфин машки костум. На самиот почеток основната цел била да се разбијат негативните стереотипи за моторциклистите, да се покаже друштвената нота и собирот на мотоциклисти како позитивно нешто. Првиот настан успеал да обедини 2500 мотоциклисти во 64 града, што било причина Mark истиот да го искорити во хумнитарни цели, воедно подигајки ја свеста кај мажите за сопственото здравје. Доказ за тоа дека истиот е глобално прифатен се и самите бројки за настаните во годините по првата организација до денес:

– 2013 година повеќе од 11.000 мотоциклисти во 145 града и собрани донации од 277.000$

– 2014 година повеќе од 20.000 учесници во 257 града и 58 држави  и собрани 1.5 милиони

– 2015 година повеќе од 37.000 учесници во 410 градови и 79 држави со собрани 2,3 милиони долари за истражувања на рак на простатата.

Оваа година до моментов се регистрирани 50,000 учесници во повеќе од 500 градови и 90 држави и како што споменавме Скопје е еден од тие градови каде што до моментов се 68 учесници и собрани донации од над 1,000 долари, што е една од најдобрите организации во регионов. Партнер на настанот е глобалната Мовембер Фондација, која е најголема глобална фондација што се грижи за здравјето на мажите. Фондацијата од 2003 година до денес брои милиони членови и собрани повеќе од 715 милиони долари кои се наменети за повеќе од 1000 проекти за рак на простатата, рак на тестисите, како и превенциа од самоубиства кај мажите. Визијата на оваа фондација е да создаде свет каде што мажите ќе се социјално поврзани и ќе се чуствуваат слободно да зборуваат за овие болести, со што глобално би се зголемила свеста, како и превенцијата на истите.

- Реклама -