Во која европска држава најмалку/најмногу се верува во господ?

СПОДЕЛЕТЕ

krst

Податоците од анкетата спроведена од страна на Европската комисија, покажуваат дека најмногу атеисти има во Франција, а најмалку во Романија (1%) – каде 92 отсто од луѓето веруваат во Бог.

Во Франција, 40 отсто од населението не верува во никакви натприродни суштества, богови или некакви виши сили.

На Малта и во Турција дури 94 проценти од луѓето веруваат исклучиво во Бога, додека во Чешка тој процент е најнизок – само 16%.

Најнеодлучни се граѓаните на Луксембург – осум проценти од нив рекле дека не знаат во што веруваат.

Резултатите изгледаат вака:

Земја: Процент на атеисти: Процентот на луѓе кои веруваат во виша сила: Процентот на луѓе кои веруваат во Бога:
Франција 40 27 27
Република Чешка 37 44 16
Шведска 34 45 18
Холандија 30 39 28
Норвешка 29 44 22
Естонија 29 50 18
Германија 27 25 44
Белгија 27 31 37
Словенија 26 36 32
Велика Британија 25 33 37
Луксембург 24 22 46
Данска 24 47 28
Финска 22 42 33
Унгарија 20 34 45
Шпанија 19 20 59
Исланд 18 49 31
Бугарија 15 43 36
Словачка 13 23 63
Португалија 12 15 70
Литванија 12 37 47
Австрија 12 38 44
Швајцарија 11 39 44
Летонија 11 48 38
Ирска 7 20 70
Хрватска 7 22 69
Италија 6 20 74
Полска 5 14 79
Грција 4 16 79
Кипар 3 8 88
Малта 2 4 94
Турција 1 1 94
Романија 1 7 92
- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ