Сексот во иднина: Девет предвидувања

СПОДЕЛЕТЕ

vr-pornstar-cam4-vr[1]

Во ова брзо време и овој свет што константно се менува, нашите животи секојдневно се трансформирани од технологијата, а со нив и тоа како се чувствуваме и како ја изразуваме нашата сексуалност. Меѓу многуте други иновации, можеме да комуницираме инстантно со љубовните партнери, блиску или далеку, да одржуваме релации на големи дистанци, но и полесно да стигнеме до нови партнери и гратификација на страстите. Роботиката, виртуелната реалност и големите иновации во науката ги прошируваат и можностите за изразување и искусување на сексуалноста преку нашите пет сетила. Откритијата во биологијата и невролошката наука отвораат многу еротски врати, некои од нив и такви што досега биле незамисливи.

FutureofSex.net постои за да им помогне на луѓето да ги разберат новите опции и импликации од еволуцијата на сексот, за тие подобро да ја прифатат претстојната трансформација на човечката сексуалност, за чии крајни граници веројатно сé уште немаме претстава. Затоа, сајтот подготви извештај во кој наведуваат, меѓу другото, 9 предвидувања за иднината на сексот.


Секс на далечина

• До 2025, ќе ги имаме деловите од телото на партнерот дома, во 3D испринтана варијанта. Oпремени со touch-feedback технологија (која ќе пренесува допир), ќе овозможат интензивен реализам на сексот на далечина.

• До 2028, над четвртина од младите луѓе веќе ќе имаат испробано секс на далечина

Виртуелен секс

• Првите состаноци во motion-capture виртуелните светови (кои ќе симулираат движење) се очекува да се случат најдоцна до 2022. Тогаш се очекува и нивната популаризација

• Веќе во 2024, луѓето ќе имаат можност да бидат било кој, да бидат со било кој, реенактувајќи ги дотогаш невозможните фантазии во фото-реалистични виртуелни светови

Роботи

• Во 2033, порно актерите и актерките, како и некои познати личности од „вториот ешалон“ (не толку познати), ќе продаваат свои реплики во форма на роботи дизајнирани за секс

• До 2045, еден на десет млади луѓе ќе има пробано секс со хуманоиден робот

Имерзивна забава

• Доаѓа од immersion – вклученост, вплетеност. Во 2020, луѓето на редовна база ќе користат виртуелна реалност и хаптични (со чувство на допир) секс играчки, кои ќе овозможат „целосна“ вклученост во порно забавата

Аугментација

• До 2027, ќе постојат „мозок до мозок“ интерфејси, кои ќе им овозможат на партнерите директна меѓусебна стимулација до степен на оргазам

• Некогаш во иднина: Научно-фантастичните секс фантазии ќе станат дел од животот, а луѓето ќе можат да ја надградат својата биологија преку инкорпорирање на машини, со што ќе станат суперчовечки секс идоли

Ова погоре е кратката верзија. Целиот извештај, во форма налик на инфографици, можете да го најдете тука.

- Реклама -