Throttle/Brake – епизода 29: Топ 10 најдобри автомобили на сите времиња

СПОДЕЛЕТЕ

naslovna

Дами и господа, верни читатели, автомобилски ентузијасти и лаици, дојде време и Throttle/Brake да Ви ја покаже листата на најдобри спортски автомобили на сите времиња. По 28 неделно дружење исполнето со специјално одбрана автомобилска содржина, мислам дека е право време да се запознаеме подобро, и да ви го покажам моето мислење и поглед кон автомобилскиот свет. 

Dodge Charger 1969

slika 1
Dodge Charger General Lee

Се сеќавате ли на серискиот филм The Dukes of Hazard? Ако се сеќавате, тогаш сигурно ви текнува на Генерал Ли, автомобилот на сликата со убавата госпоѓица/госпоѓа. Dodge Charger или Генералот Ли, се најде на оваа листа на најдобри автомобили само поради една работа. Сите знаеме дека американските мускулести автомобили се одликуваат со големи, најчесто 426 Hemi мотори и огромна сила која баш и не е најдобро искористена. Но, во оваа прилика силата ќе ја оставиме на страна. Генерал Ли е олицетворение на мускулестите американски автомобили. Автомобилска легенда. Автомобил со кој Бо и Лук лудуваа по патиштата, автомобил со кој Вин Дизел се тркаше против Пол Вокер во Fast and Furious. Едноставно, за мене Dodge Charger е оној вистинскиот American Muscle. Да не заборавиме дека под хаубата има Hemi со 425 коњски сили и 665 Nm. 

slika 2
Dodge Charger од филмот Fast and Furious.

Lamborghini Miura P400 SV

slika 3

Ако ме прашувате, ова е најдобриот Lamborghini автомобил на сите времиња и еден од најубавите автомобили некогаш направени и затоа се најде на оваа листа. Од денешен аспект можам слободно да кажам дека ова е првиот “хипер” автомобил. V12 мотор, 380 коњски сили и брзина од 276 километри на час. Во далечната 1971 година, овие спецификации вределе повеќе одошто оние на денешниот Centenario. Произведени се само 150 P400 SV автомобили. Доколку денеска би сакале да купите Miura, би требало да издвоите околу 3 милиони евра или десет Aventador SV.

 

BMW M1

slika 4

Автомобил пред своето време. Произведен во соработка со Lamborghini. Уличната верзија располагала со 273 коњски сили и максимална брзина од 260 километри на час. Онаа лутата верзија имала на располагање сила од дури 850 коњски сили. Автомобил со безвременски дизајн, кој каде и да се појавел или појави ги освојува симпатиите и погледите на толпата. Не сум некој голем фан на BMW, но за M1 ќе кажам БРАВО. Ве молам, да нема забуна со серија 1M.

slika 5

 

Ferrari 288 GTO

slika 6

Кога некој ќе ме праша за Ferrari, првиот автомобил што ми паѓа на памет е 288 GTO. Дами и господа, ова е Ferrari во секоја смисла на зборот. Можеби не е најбрзиот, но со сигурност е најубавиот Ferrari некогаш произведен. Имав голема дилема околу F40 и 288 GTO. Сепак, на крајот победи убавината, бидејќи Ferrari одамна не се во клубот на најбрзите автомобили. 

slika 7

 

Прочитајте и:  Throttle/Brake - епизода 38: APEX - The story of the Hypercar

Mercedes CLK-GTR

slika 8

Сеуште е најдобриот и најбрзиот Mercedes AMG сериски автомобил. Паметам кога за прв пат се појави во 1998 година, чинеше неверојатни милион германски марки, без радио. А што ќе ви е радио кога под хаубата имате 6.9 литарски, V12 симфониски оркестар. Достигнувал брзина од 344 километри на час. Направени се вкупно 26 примероци од оваа супер сребрена стрела. Последниот е направен во 2006 година и под хаубата имал 7.3 литарски V12 мотор, истиот оној кој е вградуван во Pagani Zonda. 

Nissan Skyline GT-R R34

slika 9

Незнам дали е до видео игрите или тогашниот тренд на JDM автомобили, но Skyline е мојот автомобил од соништата. Уникатен дизајн, добар на тркачките патеки, удобен за секојдневно возење. Автомобил со неограничен потенцијал за тјунинг. Skyline е автомобил со посебна приказна, која не секој ја разбира. Освен во Јапонија, од каде што доаѓа, во остатокот на светот Skyline е како животно од загрозен вид. Затоа секоја моја средба со оваа автомобилска икона е посебна и вредна да се документира. 

slika 10
Една од моите полноќни средби со Nissan Skyline.

 

Porsche 918 Spyder

slika 11

Најдобриот и најбрзиот Porsche сериски автомобил некогаш направен. Хипер автомобил со 887 коњски сили. Моментално, најбрзиот автомобил од место до стотка. 918 Spyder е официјално најбрзиот автомобил на патеката Нурбургринг Нордшлаифе со време од 6 минути и 57 секунди. Ах, а да не зборувам за преубавиот дизајн покриен со сребрена боја и детали во ацидна зелена. Или Weissach кој доаѓа целосно во ацидна зелена… Треба ли повеќе да пишувам?

slika 12

 

Mercedes-Benz AMG Hammer

slika 13

За Дарт Вејдер пишував во претходната епизода. Најдобриот AMG седан во историјата. Hammer своевремено бил нарекуван автомобил за четворица со перформанси на Ferrari Testarossa, а всушност бил побрз од Testarossa. Направени се само 13 примероци. Mercedes-Benz AMG Hammer е автомобил на кој дури и тјунерите од Brabus би љубомореле.

 

Koenigsegg One:1

slika 14

Зошто овој автомобил се наоѓа на второто место на мојата листа? Затоа што е ремек дело, затоа што е првиот мега автомобил со сила од 1 Мегават, првиот со 1360 коњски сили и 1360 килограми или сооднос на сила и маса 1:1. Максимална брзина од преку 420 километри на час и забрзување од место до 400 километри на час за 20 секунди.  Браво Кристијан Фон Коенигсег.

Mclaren F1

slika 15

Автомобилот на Мистер Бин, чиј мотор е обложен со злато. Најбрзиот автомобил со атмосферско напојување. Ремек дело на автомобилската индустрија. Најдобриот автомобил на сите времиња. 

^ Едно од најдобрите видеа на Top Gear со Mclaren F1. 

Брацо Моралиќ
Брацо Моралиќ